1923.05.28_Грчки нотарски документ (Македонци и македонски називи), бр1411, с. Јаворјани – Воден

Заверен документ со залепени таксени марки, со царски печат и печат од нотар контролор. Број – 1411
Најгоре десно, пишува – НОТАР-КОНТРОЛОР ДИСПЕНЗЕР ЗА ДРАХМИ = Па, со рака и молив напишано 78.000.

Станува збор за ДИАНЕМИТИРИОН ДРАХМОН (“тирион” се однесува на простор, градба или установа).

„Во село Јаворјани и во надворешниот простор на Светиот Храм Света Петка, со цел да се состанеме, поканети сте да отидете на ден 28-ми од месецот Косар од новиот календар во 1923-та година, ден понеделник, наутро пред нотарот од Едеса (Воден н.з.) Константин А. Стафила, со седиште и место на работа во Едеса, во присуство и на регрутирани двајца возрасни сведоци и познати грчки граѓани, не и не е исклучително Христо Пападимитри и Тома Никола Цауси со станбени недвижности…“

Наведени се со име татково име и презиме сопственици на движен, недвижен имот и земјоделско земјиште, 49 на број, од кои во текстот подолу пишува дека од нив 41-но лице не разбираат Елински, ами се Македонци и бараат превод на македонски јазик. Во продолжение на овој документ со алфабет малите букви, со етимологија, фразеологија се наведени и местоименувања (топоними) со чисто македонско значење. На пример, Голо Брдо, Богданова нива, Липата, Каменот, Бајнанско, Црн Камен.

„… втората страна во овој договор помеѓу бројот единаесет и бројот четириесет и девет, која не го знае грчкиот, а единствено македонскиот (јазик), се претставуваат заедно со нивниот најмен преведувач, по своја волја и убедување, личноста која јас ја знам како г-дин Теодор Тсиоку, сопственик на земја и жител на Воден, кој положи заклетва врз Светото Писмо како што е побарано по закон, дека ќе направи вистинит и точен превод од грчки на македонски, и обратно, за договорните страни, за сведоците и за мене …“

Меѓу наведените Македонци има чии потомци и денес ни се познати, сега веќе со грцизирани имиња и презимиња.

Посочил: Ѕале