Андон Лазов Јанев – Ќосето (1854 – 1953)

Андон Лазов Јанев - Ќосето (1854 - 1953)

• 1933, Горна Џумаја

Браќа и сестри!
Како скромен борец на Внатрешната македоно–одринска револуционерна организација, бев сведок и учесник во она велико дело што го изврши Македонецот пред триесет години, на Илинден 1903. Сега сум сведок на оваа свеченост на која се овековечи споменот на македонскиот четник и им оддавам почит на живите борци.
Имам уште една – трета желба, а таа е – да доживеам да го видам развеано знамето на слободна и независна Македонија над сините води во Солун, и да екне македонска песна.
Само тогаш сметам дека мојот земски живот ќе биде завршен, а мојот дух ќе се успокои за да заминам кај моите другари кои ги склопија очите уште пред триесет години од куршумите на непријателите.

Го полагам венецот и извикувам: Нека им биде вечна славата!

 

• 1948, до Претседателот на Владата на Македонија (Лазар Колишевски), телеграма 

Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив.