2013.01.14_Жена борец за правата на Македонците добива смртни закани

2013.01.14_Жена борец за правата на Македонците добива смртни закани

Евгенија Нацилиду, жена борец за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Грција се соочува со закани и јавен новинарски притисок по нејзината посета на САД и на Канада, каде што зборуваше за обесправеноста на Македонците во Грција.

Нацилиду деновиве поднесе тужба против грчкиот неделен таблоид „Прото Тема“ поради текстот објавен во Снежник, во кој таа е обвинета дека со валкани пари водела иредентистичка пропаганда против Грција.

Нацилиду, која е коосновач на македонскиот културен центар во Воден, добила и смртни закани преку социјалните мрежи поради нејзиното залагање за правата на Македонците.

Извор: мкд.мк