1942_Frederic W.L. Kovacs – ‘The untamed Balkans’, p56.

1942_Frederic W.L. Kovacs - 'The untamed Balkans', p56.

Жителите [на Македонија] се мешавина од народи, мнозинството Славјани. Македонските наречја не припаѓаат ниту на српските, ниту на бугарските јазици. Тие сочинуваат некој вид на врска помеѓу овие две гранки од јужнославјанското семејство на јазици.
Србите, го нарекуваат македонскиот јазик ‘јужносрпски’; Грците тврдат дека Македонците се само „Славјанозвучни“ мислејќи славјано говорни Грци; а Бугарите тврдат дека Македонците се чисти Бугари. Самите Македонци не се прашани за нивното мислење.
И ова е сторијата за Македонците во основа; земја и народ постојано под превласт на други народи и држави, коска за раздор помеѓу сопернички соседи, воено поле за туѓи војни, често измамени бунтовници чија борба за слобода и независност постојано се злоупотребени за потребите на други.