2022.02.12_Луковмарш, Софија

Една од одразните појави на бугарската фашистичка традиција:

Оспоруваниот Луковмарш во Софија под силно полициско обезбедување.

Христо Николов Луков е оспорлива појава во бугарската историја. Од една страна е одликуван старешина кој учествувал во Балканските војни и Првата светска војна, и бил Министер за војна на Царска Бугарија од 1935 до 1938 година. По присилното пензионирање од воената служба, основал и предводел ултрадесничарско здружение наречено Сојуз на бугарските национални легии. Во говорништвото, дејствување и ознаките на здружението многумина препознаваат соодветност со националсоцијалистичкиот режим на Третиот Рајх и фашистичкиот режим на Бенито Мусолини во Италија.

Луков е убиен на 13 сечко во Софија, пред неговиот дом, во атентат организиран од Комунистичката партија на Бугарија, како дел од походот на комунистите за отстранување на политичари и старешини за кои сметале дека ја туркаат Бугарија кон војна со Советскиот Сојуз и влегување во сојуз со нацистичка Германија.

Често пати маршот е забрануван врз основа на пресуда од Врховниот службенички суд на Бугарија. Пред некоја година било предвидено во маршот учество да земат и неонацисти од Германија. Но ваквите планови биле расипани од германската полиција, која на аеродромот во Дортмунд привела 10 лица.

 

Извор: ТВ Телма