ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПЛАТФОРМА – проф. др. ВЕЛО МАРКОВСКИ

Почитувани браќа и сестри Македонци и сите пријатели на Македонија,

Ве повикуваме обрнете внимание на Претседателската Платформа од проф. др. Вело Марковски. Најпозитивно изненадување.. за прв пат имаме БЕСКОМПРОМИСНА МАКЕДОНСКА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПЛАТФОРМА. Ова од секогаш се очекувало да го кажуваат оние кои се кандидираат за Претседател на Македонија.

Ако проф. др. Вело Марковски и не успее во кандидатурата, барем за прв пат во претседателска кампања ќе се слушне како треба политички патриотски да се настапува во полза на македонскиот народ. Без додворување никому, но со пригодна почит кон сите други единки, внатре и надвор.
Овој вид на настапи ќе помогнат за поставување на стандардите кои цело време недостасувале кај оние кои претендирале за висока политичка должност – без заобиколувања да зборуваат и делуваат во прилог на македонскиот народ.

Во наш општ македонски интерес е овој вид на родољубни платформи, што е можно повеќе да се присутни на македонската политичка сцена. Да се поддржуваат, истакнуваат, преферираат,… народот да се запознава и да ги поддржува. Сѐ со цел за издигнување на непостоечките родољубни стандарди во македонската политика. Доста долго пред нас парадираат Соросовите и Аденауер курсистите, ставени во служба на колонијалните ограбувачи.

Ако како што се најавува и академик др. Љупчо Коцарев, ја објави својата Претседателска кандидатура, веруваме со слично достоинствена македонска родољубна платформа, за прв пат ќе имаме Избори со избор. Бидејќи досега секогаш бевме поставени да избираме меѓу подметнати кандидати, кој од кој пострашлив и побезличен.

Претседателска платформа – др. Вело Марковски online преглед

Внесете мислење

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *