Т’мен се облак зададе

Т'мен се облак зададе

Македонска народна песна од Пиринскиот крај, посветена на големиот народен херој Никола Парапунов – организатор на македонската партизанска борба во Пиринско, против бугарската фашистичка власт.

Т’мен се облак зададе од врв на Пирин планина
Од врв на Пирин планина од ајдучката рамнина
Не ми е било облаче,нај ми е било четата
На Парапунов Војвода.

Пред облак орел летеше,црвено знаме носеше
Црвено знаме носеше на знамето пишуваше
На знамето пишуваше Смртта или Слободата
Смртта или Слободата за наш’та мила Родина
Смртта или Слободата за мајка Македонија!

Никола Парапунов
Датум на раѓање: 1 јули 1909
Место на раѓање: Мехомија
Починал: 9 декември 1943