ИМПЕРИИТЕ И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Креации со МНА ознаки

Рускиот империјализам како и сите други империјализми по својата суштина е негативен.
Разни народи кои се нашле под негово влијание, носат разни негативни последици. Посебно ние Македонците, имаме сериозни последици од царско-рускиот, подоцна и од советско-рускиот империјализам на Балканот.
Сепак рускиот империјализам е ПОТРЕБЕН ДА ПОСТОИ, како најпотребен за нас, но и за сите не-империјални народи на светот. Бидејќи има една значајна улога – заштита на православните народи, уште повеќе на славјанските православни народи од другите империјализми. Иако сите империјализми неизбежно се засновани на грамзливоста на моќта, не се сите со истата експанзионистичка насилност. Така што рускиот империјализам Е НЕОПХОДЕН за заштита пред сѐ од светски доминантниот Западен, некогаш англо-саксонски, а сега технократско-корпоративен империјализам. Како убедливо најнападен, најбескруполозен, .. најнепринципиелен. Гладен за ресурси, најнедуховен, најматеријален, … со тоа најмакијавелистички. Закана за слободата на сите народи во светот. Но за нас овде на Балканот, сериозна опасност претставува и исламскиот империјализам. Во блиска иднина треба да се смета и на кинескиот империјализам. Засега просторно подалечен, но чија што природа на настап, допрва ќе се открие.
Урамнотеженост на силите помеѓу нив, за светот би бил најповолен.

Така што додека тие империјализми, постојат, треба да постои и рускиот империјализам. Без неговата заштита ние православните народи, како и сите околни народи во и околу Русија, независно од раса и вера, би исчезнале. Би биле национално и верски избришани. За жал најдобриот пример за таквото уништување под стегите на западниот империјален колонијализам е Македонија. Како земја која се наоѓа на врвот, како најистурен славјанско-православен клин.
Колку еден народ е подалеку од руската империја, толку неговата опасност да биде претопен и проголтан е поголема. Иако постои и спротивната опасност – колку поголема блискост со рускиот центар на моќ, толку поголеми опасности од неговата штетна страна. Сепак можностите за одбрана на поблиските од заканите на природниот империјален “сојузник” се многу поповолни.
Иако како Македонци можеме да му забележиме на рускиот империјализам за темелниот идеолошки придонес кон соседските хегемонизми кон нас, сепак како православни христијани на Балканот, можеме да му заблагодариме за ослободувањето од Османлискиот исламски империјализам. Нешто во кое самите, без руска помош, никогаш немаше да успееме.

Во овие услови, најмногу ние православните народи, треба да даваме што поголем придонес кон зајакнување на Руската Империја, со цел за постигнување на глобална меѓу-империјална урамнотеженост. Но притоа да се најдат внатрешни механизми, за да се намалат штетните, а да се зголемат корисните состојки од моќта на Третиот Рим.

====================
II НАЦИОНАЛЕН ОДДЕЛ
Предмет: Политика 
Тема: Геостратешки проценки (Бр. 012)
Прва објава: 2023.05.16
Објава: ВБ_СМ_388-698
«====== *МНА* ======»