СОГЛЕДБИ – ВОВЕД

СОГЛЕДБИ - ВОВЕД
Почитувани родољуби, Македонци.
Во претходните неколку дена имавме интензивни разговори со цел преземање на конкретни активности за делување. Начелно се договоривме да ја активираме фејсбук страницата, така што секој ден (или скоро секој ден) ќе објавуваме нaши авторски текстови за актуелни теми во Македонија. Планот ни е секој ден да се постира по една македонска патриотска песна и по еден наш оригинален текст. Текстовите задолжително ќе се потпишуваат како став на МНА, а доколку авторот бара, може да се објави и неговото име.
Сите ние како членови на групата ќе имаме за обврска да даваме коментари, да ги споделуваме објавените содржини со цел да привлечеме што повеќе приврзаници.
Покрај овие теми, секој ден ќе се промовира по една личност, Македонец , докажан родољуб кој има исти ставови како и нашите: Борко Рисовски, Стојанче Стоилов, Игор Дурловски, Андријана Јаневска и сл.. Со тоа ќе им искажеме наша подршка за нивните ставови и сметаме дека на тој начин ќе добиеме наклоност од докажани личности , борци за Македонија.
Исто така преку страницата ќе искажуваме подршка и на други позитивни вредности , активности , идеи во интерес на Македонија. Нашите коментари да одат повеќе кон подршка на позитивни иницијативи , отколку на критики ( ќе има и критики ) но првично ќе се залагаме за позитивна кампања.
Теми на кои би пишувале би биле: актуелни политички случувања, економски колапс на Македонија, корона криза, криминал, корупција, непотизам, неефикасно судство, здравство, образование, преголемо влијание на албанскиот фактор во Македонија.
Да се обидеме за секое битен настан – случување, брзо да реагираме и да дадеме свој став.
Откако ќе стекнеме доволем број на приврзаници преку страницата, ќе планираме и активности на терен.
За наредната година, како многу битно настани ги издвоивме – пописот на население и општинските избори и треба и за двата настани да подготвиме сопствена стратегија.
Сите Ваши мислења, ставови, предлози, коментари во врска со напред наведеното, како и дополнителни активности можете да го напишете во оваа група.