Зборокоренување на зборот Горгона

Зборокоренување на зборот Горгона

ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (ЕТИМОЛОГИЈАТА) НА ГОРГОНА, СТРАШИЛО ОД АДОТ ОД ДРЕВНАТА МИТОЛОГИЈА

ГОРГОНА е страшило од адот со ужасен поглед.

Погледот им бил толку страшен што секој кој би се загледал во нив би се скаменил како стена, па разбирливо е и една од горгоните да се вика СТЕНА!

Кога Персеј ќе ѝ ја пресече главата на горгоната Медуза, ќе ѝ ја даде на Атина, која ќе ја носи или на штитот или на оклопот да ги заплашува, брка односно ГОНИ непријателите! (Сл. бр. 1)

Клучен збор македонскиот глагол ГОНИ!

На грчки јазик глаголот гони, брка е κυνηγάει!

Македонскиот крал Антигон II ГОНАТ (277-239 год. п.н.е.) е познат по тоа што во 277 год.п.н.е. ги изГОНИл Галите од Македонија, победуваќи ги на Галиполе, кое името најверојатно го добило по неговата победа! Во знак на оваа победа македонскиот крал кова многу монети со претстава на македонскиот штит каде средишно место зазема неговиот лик на местото на Горгоната! Но затоа пак на задната страна (аверсот) од монетите не заборавил да ја удостои божицата Атина со нејзиниот штит со Горгона! (Сл.бр.2)

Личното име Гоне, Гоно, некогаш можеби многу почесто но и денес доста е застапено меѓу Македонците!

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески