Сѐ најдобро за обичниот американски народ

– осврт за случувањата во САД –

Внатрешната сила на САД како основа на меѓународната сила е заснована на извонредната работна делотворност на обичниот Американец. Работните постигнувања (резултати) кои ги постигнува американскиот работник или фармер во условно речено погрубите дејности ги нема во ниедна друга држава во светот. Тоа ја дава темелната индустриска сила која ѝ дава полет на над неа надоградените високо-технолошки дејности и услуги во САД (информатичка индустрија, филмска индустрија, шоу бизнис). Високата технологија и услугите од пофин ранг на внатрешно и посебно на меѓународно ниво на САД им носат огромни приходи. Со оглед на порастот на приходите во вртоглави висини кои доаѓаат последните две десетлетија од понапредни работни дејности, во САД се повеќе се створи илузијата дека таа технологија е главната сила на моќта на Америка. На таков начин некогаш силниот статус на обичниот американски граѓанин познат по својот индивидуализам и моќна позиција на приватна сопственост започна многу нагло да се губи. Обичните Американци го изгубија авторитетот станаа небитни во уредувањето на општествениот живот. Изминативе две десетлетија тие беа сведоци на преобразување на општеството спротивно на темелите на кои било почетно поставено. Христијанските вредности поставени во темелот на САД нагло се отстрануваат, наместо нив настапува паганизмот, лгбт културата, либерална декаденција, па дури и елито-сатанизам. Квалитетна или не, гламурозната величественост на христијанска Америка се гасне.

Доналд Трамп покрај сета своја непресметливост и конфликтност во однесувањето, за едно мора да биде почитуван. Тој стана претставник на обичниот Американец. Тоа не е белиот Американец како што се наметнува да се мисли, туку обичниот христијански Американец. Не верувам дека белиот американски христијанин има проблеми со црнец, латино или било кој со христијански убедувања. Но има проблем со паганизмот и глобалосатанизмот на декадентните моќни високи кругови кои го пренесуваат надолу меѓу луѓето и на американските родољуби им ја затруваат општествената средина која тие ја сметаат за своја земја.
Судирот меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден е судир меѓу претставниците на тие две класи. Бидејќи на повидок нема помирувач. Џо Бајден ако стане нов Претседател и самиот конфликтен и има избрано страна, и штом масите кои се вклучени се огромни и непомирливи, тој внатрешен судир ќе трае долго долго време.
Не може да се предвиди исходот, но на обичните луѓе во Америка, или каде и да се, им посакуваме сѐ најдобро во борбата за враќање на својот свет.

Став на Македонска Национална Академија