Зборокоренување на зборот Артемида

Илија_Зборокоренување-на-зборот-Артемида-1

ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (ЕТИМОЛОГИЈАТА) НА ЗБОРОТ (грч. Αρτέμιδα) – БОЖИЦА НА ЛОВОТ

 

АРТЕМИДА (Грч. Αρτέμιδα) е божица на ловот која најчесто на ликовните претстави е прикажана со Р’Т односно Р’ТКИ, каде ИТА односно брза!

Клучни зборови: именката Р’Т, Р’ТКА и глаголот ИТА!

Како потврда за ова тврдење е другото познато нејзино својство односно име – ЕнОДИја, поврзано токму со нејзиното ИТАње, односно одење!

Р’Тот името го добива по неговата улога (функција). Тој како ловџиско куче секогаш е на Р’Т, „истурено“ напред, пред АРТЕМИДА. Глаголот Р’Ти ја објаснува состојбата кога никулецот ја пробива семката и избива на површина како што Р’Тките избиваат напред пред ловците и го гонат пленот!

Кај Етрурците како роднини на Пелазгите односно Македонците, застапени се три божици кои се поврзани со македонскиот глагол Р’Ти – НоРТиа – божица поврзана со плодноста, ХоРТа – божица на полјоделството и АРТумес; АРТими- божица на растот – ботеењето (вегетацијата).

Етрурската цивилизација со своите археолошки артефакти е вистински извор и сведоштво за најстарите корени на религиите од средоземноморскиот басен.

Познато е дека Етрурците имале посебен и не помалку важен однос кон смртта како и кон самиот живот. Нивниот став за смртта е дека таа претставува огледална слика на самиот живот. Така да и самото етрурско писмо се чита во два правци, доколку се работи за текстови во употреба за време на живот или текстови наменети за погребни процесии односно покојните! Ако огледално ја прочитаме АРТЕМИДА ќе ја добиеме АДИМЕТРА односно со незначителни промени – Д Е М Е Т Р А божицата на полјоделството ДИMИTЕРA! Што пак непосредно не упатува на претходно посочената етрурската божица на растот и ботеењето (вегетацијата) – АРТими!

Спротивно прочитано најосновно зборообразувачко јадро составено од двата гласа Р и T е TР кое е зборообразувачко јадро за именката ТРТКА , а токму со ТРТКИ целата е изнаредена една од најпознатите скулптури на Артемида од антиката – Артемида Ефеска (види слика).

Вистинскиот облик на ДЕMЕTРA – ДИMИTЕРA е збор составен од два дела од ДИ + MИTЕРA каде ДИ е основното јадро за македонскиот глагол оДИ и вториот дел зборот МИТРА, МИТЕРА, МАТЕР означува мајка. ДИMИTРA е таа што е облечена во црно и повремено (периодично) оДИ при мајка си – земјата. Потврдувајќи ја својата двојна улога не само како божица на плодноста на нивите, луѓето и животните, туку и како божица на подземјето. Слично на улогата на нејзината ќерка ПЕРСЕФОНА која три месеци за време на зимата се наоѓа кај нејзината мајка ДИМИТРА во подземјето – долниот свет (после сеидбата наесен). А напролет кога ќе никне првото семе се враќа на горниот свет!

Во Православието се слави празникот на св. великомаченик ДИMИTРИЈ – MИTРOВДЕН на 8 Студен. На овој ден се прибирале македонските народни борци ајдуците и подоцна комитите во своите домови или кај своите јатаци. Симболично тоа е времето кога ДЕМЕТРА (ДИМИТРА) заминува „при мајка си“ и кога завршува ботеечкото (вегетативното) време на растенијата!

Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески