Македонски проглас

Ние, македонските православни верни чеда на Православната Црква,
Македонци по род, коишто сме крстени и духовно пораснати во, за нас, најсветата МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, древната Охридска Архиепископија, во однос на решавањето на македонското црковно прашање, НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРИФАТИМЕ следното:
1. Ние, македонскиот народ православен христијански, нема да прифатиме правно самоукинување на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), со коешто би се довело до несогледиви последици за опстанокот на Православието во Република Македонија и во нашиот православен македонски народ, а со цел на “добивање Томос” од Цариград и создавање на нова Православна црква, односно, нов правен субјект, на територијата на Република Македонија.
2. Ние, македонскиот народ православен христијански, нема да прифатиме промена на Уставот на МПЦ-ОА, што предвидува промена на нејзиното име како Македонска Православна Црква на македонскиот народ и нејзина “денационализација” во контекст на македонскиот идентитет.
3. Нема да прифатиме никаков договор со Цариградската патријаршија (или било која друга црква), со кој нашите задгранични епархии би се предале под туѓа, немакедонска, административна или духовна управа и јурисдикција респективно.
4. Нема да прифатиме никаков договор со кој би се отуѓувал имотот на МПЦ-ОА, односно со кој би се случило предавање или создавање на ставропигијални цркви и манастири во духовна и административна управа на патријаршијата во Фанар, а коишто се наоѓаат на територијата на Република Македонија.