2023.03.21_Оставете ги жените да зборуваат (репортажа од Австралија)

2023.03.15_Оставете ги жените да зборуваат (репортажа од Австралија)

Изминатиот викенд, претставници од огранокот на „Коалицијата за заштита на децата“ во Австралија присуствуваа на Оставете ги жените да зборуваат“, настан организиран од познатата активистка за женските права и заштита на децата од родовата идеологија, Кели Џеј Кин од Англија.

Кели Џеј Кин е веќе неколку недели на турнеја низ повеќе градови во Австралија и секаде е пречекана од агресивни антипротести организирани од транс-активисти што се залагаат за „родова еднаквост“, со цел да ја замолчат. Исто така, и левичарските медиуми не ја пропуштаат можноста да ја етикектираат и оцрнат, но таа е упорна и не се откажува од својата парола „Јас никогаш не сум губитник“.

На настанот што се оддржа во саботата на 18-ти цутар, пред Парламентот во Викторија имаше неколку стотици присутни и повеќе говорници, жени од различни слоеви, различни професии и различни убедувања, меѓу кои и Кетрин Дејвс и Моира Диминг од Либералната партија, и претставници на ЛГБ заедницата. Воочливо беше тоа што на страната на мирниот протест што беше организиран од Кели Џеј Кин, се вееше и шареното знаме, со што јасно се даде до знаење дека транс-активистите воопшто не се залагаат за правата на лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците, како што тврдат.

Упатница до целата репортажа
Коалиција за заштита на децата