Оддел: 06 Историја _ Тема – Времеслед

Образовен оддел посветен за времеследно потсетување на важни историски настани од македонското минато.

Снежник 03
Постирано во 06 Историја _ Тема - Времеслед

Снежник 03

03.снежник (декември) На денешен ден, 3 снежник (декември) 1942. – Во Тетово излегол првиот број на весникот „Востаник“, гласило на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под Италијанска окупација. Излегувал до сечко (февруари) 1943 година.

Снежник 02
Постирано во 06 Историја _ Тема - Времеслед

Снежник 02

02.снежник (декември) На денешен ден, 2 снежник (декември) 1946, грчките власти го почнале теророт во селото Буф, по борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин – Песодер. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење…

Снежник 01
Постирано во 06 Историја _ Тема - Времеслед

Снежник 01

На денешен ден, 1 снежник (декември) 1943 година, почнал да излегува весникот „Братство“  како гласило на Првата македонско-косовска ударна бригада. Биле издадени од 150-200 примероци, а текстовите биле пишувани на македонски и на српски јазик. Статиите и рубликите во весникот го третирале животот и…