Оддел: А10 Светска картографија

Докази за македонската самобитност од разни светски картографски извори

1817_Schreibers Erben - The Turkish Empire in Europe, Leipzig
Posted in А10.1 Слика и посока

1817_Schreibers Erben – The Turkish Empire in Europe, Leipzig

Германска земјописна карта каде што Македонија е нацртана и во легендата наведена како одделна земја. Mo. Moldova B. Bessarabia W. Wallachia R Romania B Bulgaria Ма. Macedonia T. Thessaly L. Livadien M Morea A. Albania S Serbia Bo Bosnia   Посочил: makedonien-geschichte.blogspot.com

1125 — 1154_Al Idrizi - 'Nuzhat al-Mushataq fi ikhtiraq al-afaq'
Posted in _Избор А10.1 Слика и посока А21.1 Слика и посока

1125 — 1154_Al Idrizi – ‘Nuzhat al-Mushataq fi ikhtiraq al-afaq’

Според оваа арапска земојописна карта во Македонија спаѓа и добар дел од денешните јужна Србија, западна Бугарија и северна Грција. „А што се однесува на планината „Макадунија“ (таа е планина која се простира од Лариса со правец од југ кон север). Меѓу неа и Константија (Константинопол) има 125 милји… Од гореспоменатата планина (Макадунија) еден дел се простира во правец од…

1100+_Rouben Galichian - The Matenadaran Archive, Yerevan
Posted in А10.1 Слика и посока

1100+_Rouben Galichian – The Matenadaran Archive, Yerevan

На земјописната карта, Македонија јасно се гледа под Европа. На картата ги нема другите македонските соседи, со исклучок на Албанија која пак е дадена во Азија. Посочил: Македонија на Македонците

0000+ — 0065_Последното и мисионерските патувања на ап. Павле
Posted in А10.2 Само слика

0000+ — 0065_Последното и мисионерските патувања на ап. Павле

Македонија земја одвоена од Ахаја, Грција (забелешка: зборот Грција тогаш сѐ уште не постоел) и другите тогашни земји со свои народи.

1918_George Soteriadis - 'Hellenism in the Balkan Peninsula and Asia Minor', London
Posted in А10.1 Слика и посока

1918_George Soteriadis – ‘Hellenism in the Balkan Peninsula and Asia Minor’, London

Познат грчки писател, иако пристрасен, со очигледно прилагодувани бројки, сепак не избегнал да спомене силно присуство на Македонски Славјани во беломорска Македонија, кои на места во својата книга ги разликува од Бугарите. Исто така во книгата признава постојана демографска измена со доселување грчко и иселување на славјанско население. Посочиле: DragonGirl и Achilles Deltaс

2000_Тим Даули - 'Библейский Атлас', Российское Библейское Общество, Москва
Posted in А10.1 Слика и посока А17.1 ДМК Слика посока

2000_Тим Даули – ‘Библейский Атлас’, Российское Библейское Общество, Москва

Македонија во библиско време јасно одвоена како посебна земја во сите земјописни карти низ книгата „Библиски Атлас“ од писателот Тим Даули објавена преку Руското Библиско Друштво.     Извор: Портал ИИсуса Христа

1800+_Edward Arnold - 'Macedonia', London
Posted in А10.2 Само слика

1800+_Edward Arnold – ‘Macedonia’, London

Македонија како самостојна земја со повеќето местоименувања како што се нарекуваат на македонски.

1878 - 1908_ЭСБЕ - Карта Балканского полуострова
Posted in А10.2 Само слика

1878 – 1908_ЭСБЕ – Карта Балканского полуострова

Извор: wikimedia.org

1834_Henri Duval - ’Tableau l'historie de l'Empire des Califes et de l'Empire de Turquie.‘, Paris (L. Houbloup)
Posted in А10.1 Слика и посока

1834_Henri Duval – ’Tableau l’historie de l’Empire des Califes et de l’Empire de Turquie.‘, Paris (L. Houbloup)

Македонија земја одвоена од соседните земји Албанија, Србија, Бугарија, Румелија и Грција.   Извор: Збирка David Rumsey

1828_Aaron Jr. Arrowsmith - ’Northern Turkey in Europe, with part of Hungary and Dalmatia‘, London
Posted in А10.1 Слика и посока

1828_Aaron Jr. Arrowsmith – ’Northern Turkey in Europe, with part of Hungary and Dalmatia‘, London

„… Македонија во времето на создавање на картата на север ги вклучува Качаник, Скопје, Куманово, на исток – Ќустендил, Дупница, Неврокоп (денес Гоце Делчев), Драма. На запад до Ресен, на југ до Платамона. …“   Извор: Збирка David Rumsey

1828_ Aaron Jr. Arrowsmith - ’Illyricum, Dacia, Moesia, Macedonia et Thracia‘, London
Posted in А10.1 Слика и посока А17.1 ДМК Слика посока

1828_ Aaron Jr. Arrowsmith – ’Illyricum, Dacia, Moesia, Macedonia et Thracia‘, London

Границите на Македонија во древноста на запад завршуваат до Јадранско Море. На север зафаќаат и дел од денешен Космет.   Извор: Збирка David Rumsey

1830_Society for the Diffusion of Useful Knowledge (UK) - ’Ancient Macedonia, Thracia, Illyria, Moesia, and Dacia.‘, London
Posted in А10.1 Слика и посока

1830_Society for the Diffusion of Useful Knowledge (UK) – ’Ancient Macedonia, Thracia, Illyria, Moesia, and Dacia.‘, London

Ако древна Македонија била дел од Грција тогаш воопшто немало да биде претставувана одвоено на посебна карта со земјите со кои имала поблиски врски отколку со Грција.   Извор: Збирка David Rumsey

1865_A.J. Johnson - ’Austria, Turkey, Hungary, Macedonia.‘, New York (Johnson and Ward)
Posted in А10.1 Слика и посока

1865_A.J. Johnson – ’Austria, Turkey, Hungary, Macedonia.‘, New York (Johnson and Ward)

Американска карта за Австрија, Турција, Унгарија и Македонија. И во описот на картата Македонија е наброена покрај другите земји.   Извор: Збирка David Rumsey

1900_Larousse - ’Presqu'ile des Balkans.‘, Paris (Librairie Larousse)
Posted in А10.1 Слика и посока

1900_Larousse – ’Presqu’ile des Balkans.‘, Paris (Librairie Larousse)

Почеток на 20 век. Многу местоименувања со денешните македонски називи, меѓу кои и во Беломорска Македонија (Кожани, Воден, Драма, Острово). Грција на југ под Олимп.   Извор: Збирка David Rumsey

1856_Charles W. Morse, Charles A. Colby - ’Turkey in Europe, Greece, and the Ionian Isles‘, New York
Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1856_Charles W. Morse, Charles A. Colby – ’Turkey in Europe, Greece, and the Ionian Isles‘, New York

Македонија во 1856 година со граници и боја целосно одвоена од околните земји. Во границите влегуваат Куманово, Гнилање, Ќустендил, Мелник… Повеќе местоименувања со денешните македонски имиња: Кавадарци, Кожани, Петровиќ (Петрич), Вардар, Битола.   Извор: Збирка David Rumsey