Оддел: АI ДОКУМЕНТИ

Доказна документација за македонската самобитност.

Posted in А10.2 Само слика

1000+_La Coruña, España

Posted in _Избор А10.1 Слика и посока

1912.10.30_The Washington Times – Asked to Take Crown

За време на Балканските војни, братот на данскиот крал, принцот Харолд бил прашан од дипломатските претставници на балканските држави – дали би ја прифатил круната за идното кралство на Македонија. Планот на балканските сојузници е разбран за Македонија да се направи како независна земја, откако ќе биде изборена од Турција, и потоа да влезе во федерација со Бугарија, Србија, Црна…

Posted in А9.1 Слика и посока

1912.11.01_The Washtington Times – Danish Prince May Become King of Macedonia

Данскиот принц Харолд се согласил со замислата да биде крал во идното македонско кралство.   Посочил: Вождот

Posted in А10.1 Слика и посока

1560_Velhagen & Klasing – The map of Europe

Постои земја Бугарија, Србија, Босна… одвоено од нив постои и земја Македонија. Но занимливо, според земјописнава карта во 1560 година не постоела земја Грција или Елада.   Извор: Vintage Maps 

Posted in А12.1 Слика и посока

1903.06-12_The Charity Organization Society – ‘Charities’, vol. XI, New York

„… Страдањата и немаштијата што произлегуваат од востанието во Македонија се екстремни. Дваесет и пет илјади Македонци успеаја да ја поминат границата во Бугарија, неколкукратно тој број остануваат во Македонија, без покрив над главата, стадата и родот им се уништени, загинуваат од студ и глад. На сите им се познати условите кои владеат во таа несреќна земја последните две или…

Posted in А11.1 Слика и посока

1955_Sarkis Atamian – ‘The Armenian Community, The Historical Development of a Social and Ideological Conflict’

„… Додека Курдите останале поделени, Македонското револуционерно движење соодветствува на Dashnaktzoutyoun (Ерменска Револуционерна Федерација н.з.). Иако Македонците имале исклучителни борци како Апостол Петков пред 1893, дури до тој датум дојде кога Внатрешната Македонска Револуционерна Организација била основана од такви исклучителни револуционерни умственици како Груев, Делчев, Матов, Сарафов и други. Најголемото достигнување на организацијата било Илинденското Востание од 1903. Движењето најпосле…

Posted in А20.1 Слика и посока А11.1 Слика и посока

1834_Josiah Conder – ‘A dictionary of geography, ancient and modern’

Земјописен речник. Македонија ја разграничува како посебна земја. Надвор од Грција, Србија, Бугарија. Внесувањето на Македонија во Грција го нарекува неправилно. Зборува дека во Грција само една третина биле Грци, две третини биле Албанци и Турци, посебно во просторот на Атина и Мореа. Од цела Грција во Атина се зборувал најнеправилен грчки јазик. На запад Македонија се простира до Јонско…

Posted in А9.1 Слика и посока

1890.06.08_The New York Times

Турскиот Султан за Њу Јорк Тајмс објаснувал кој лежи во турските затвори. „… Во турските затвори Муслиманите и Христијаните се држени одвоено … Христијаните се составени од Грци, Бугари, и Македонци …“.     Посочил: Macedonian Agema

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position

„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание. ‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор…

Posted in А11.1 Слика и посока

1397 « 1997_John Meyendorff – ’Byzantium And The Rise Of Russia‘

Не само што според муслимански извори Македонците биле спомнати како поданици на Цариградскиот император за време на Ромеја, туку се и први наведени. „… Дури и во муслиманските извори, се наоѓа идејата дека императорот на Константинопол е владетел на многу нации вклучувајќи Македонци, Грци, Бугари, Власи, Алани, Руси, Иберијци (= Грузијци) и Турци (= Унгарци). …’   Посочил: Вождот

Posted in А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1939.01.30_LIFE Magazine – Vasilka M. Petroff

„… Господа: Ве замолувам прибележете го моето негодување против онеправдувачката употреба на изразот „родени убијци“ која им е нанесена на Македонците. Горд и интелегентен народ, Македонците храбро се борат против друштвените, политичките, и стопанските турски угнетувања во должина од пет векови. После Светската Војна, Македонија беше поделена помеѓу три балкански земји, секоја обидувајќи се да ја надмине другата во наметнување…

Posted in А5.2 Само слика

1859 _БАН – ‘Гласник’ кн. VIII, с15-16

Покрај сите прикривања при обработката на материјалите се случува да не може да се избегне изнесување податок кој ја потврдува вистината на македонското гледиште. Така во овој документ на Бугарската Академија на Науки се тврди дека во неколку извори се споменува автобиографска белешка на св. Кирил Филозоф, каде стоело дека ја нашол АЗБУКАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ. Што било заведено во…

Вероучение - Поука 03
Posted in А7.3 Само посока

1711.03.03 « 1958_Мита Костић – ‘Култ Петра Великог код Руса, Срба и Хрвата у XVIII веку’, Бр8, с92

Рускиот цар Петар Велики во еден свој познат проглас, Македонија јасно ја разликувал како одвоена земја од Србија и други наброени балкански земји: „до сите христијани од грчки (православни н.з.) и римски закон (римокатолици н.з.) во Србија, Славонија, Македонија, Босна и Херцеговина“. Овде не стои ни Стара Србија, ни Бугарија, туку така како што секогаш било само Македонија.   „……

Вероучение - Поука 03
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.3 Само посока

1903.08.14_Osaka Majnichi Shimbun, Japan

„… Изгледа дека е многу тешко да се најде темелен начин за да се решат проблемите на Балканот. Се стравува дека ако продолжи борбата, мирот во Европа исто така ќе биде нарушен. Повикувајќи се на вестите што доаѓаат од Лондон, востанието сѐ уште се шири, а згора на тоа извршен е и атентат врз рускиот конзул. Востаниците се составени од:…

Вероучение - Поука 03
Posted in А9.3 Само посока

1902_Die Zeit, n288, Austria

„… Сарафов работи на тоа Македонија да добие политичка самостојност. Факт е дека постои извесна разлика помеѓу македонското наречје и јазикот што се зборува во Србија или во Бугарија, поради што постои желба наречјето на оваа покраина самостојно да се развива. Во таа смисла Сарафов го даде слоганот: Македонија на Македонците!… Ако Сарафов сериозно мисли за самостојноста на Македонија, ние…