Оддел: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1904_Јаков Слишковиќ – ‘Албаниjа и Македониjа’, с.160, Сараево
Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци.
1933.04_Илустрација Илинден, год5, кн5 (за Гоце Делчев)
Меѓу двете светски војни низ разни гласила Македонците и нивните здруженија во Бугарија, во ограничени услови ја изразувале сопствената македонска свест како и на македонските борци на кои им се восхитувале. Бугарската држава поради притисоците од страна на кралство Југославија не била во можност за Македонците слободно и отворено да наметнува дека се Бугари и делумно го дозволувала нивното македонско…
1929.01.13_Весник ‘Свобода или смрт’, бр15, с2 (за Мара Бунева)
Великата Македонка Печат на Задругата на Македонски Девојки „Мара Бунева“ од Пловдив. Бугарската држава за да ја разбие собраноста на едно место ги раселувала Македонците низ цела Бугарија. Затоа да не чуди што има разни македонски здруженија во средишна како најдалечните источни и северни делови од Бугарија.
1915_Д.Т. Ласковъ – ‘Живот и дейность на Св. Климентъ Охридски’, с6, София.
„… А тоа ќе каже, дека св. Климент не бил од западните словени, а произлегувал од истата земја од каде биле родум и светите Браќа. Значи и св. Климент охридски бил родум од многустрадална Македонија. …“
1903 « 1934_Павел П. Шатев – ‘Во Македонија под ропство’, Софија
„… Ја разбрав насоката која сакаше да ја истера Тефиков и изјавив: ‘Не припаѓам кон никаква организација, национална или социјална, а само сум Македонец’ …“
1866.05.01_Весник “Гајда”, Цариград
Не можејќи да ја сузбие свеста кај Македонците за славното древно минато, издавачот Петко Рачев Славејков го сменил пристапот и древномакедонството го претставувал како “бугарско наследство”. Петко Р. Славејков бил бугарски учен, чијашто издавачка мисија, меѓу другото било да се отфрли секакво пројавување на македонска национална свест и да делува против таканаречениот “македонизам”.
1878_Кирил Патријарх бугарски (Кресненско востание)
„… Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили, повторно и’ е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа во одделните области на нашата татковина дојде до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој…
1880 « 1890_Цани Гинчев – ‘Ганчо Косерака’
„… Море, ние не сме Арнаути… Ние сме Македонци, сѐ од оние што биле со Александар Македон, од кого што писнал целиот свет, од негована јунаштина. …“ Македонија, 1880-тите… Извадок од повеста „Ганчо Косерака“ на бугарскиот писател Цани Гинчев.
1915_Александар Цанков – ‘Годишник на Софискиот Универзитет’
„… од народностите кои го составуваат Балканскиот полуостров ‘Турци, грци, бугари, власи, срби, албанци, куцовласи и македонци …“ проф. Александар Цолов Цанков
1963_Државна Агенција ‘Архиви’ – Бугарското управување во Вардарска Македонија (41-44)
Бугарската државна агенција изнесува сведоштва за македонската народно ослободителна борба против бугарската фашистичка окупација.
1944+_Македонскиот и Албанскиот народ
„Да живее братството меѓу Македонскиот и Албанскиот НАРОД“
1947.11.22_Советско Министерство на народното просвещение
„… Самуиловата држава не била западно бугарска држава, туку била држава на Македонските Словени …“
1976_Народносниот состав на Бугарија
Македонци – 3,201,720. Во 1976 во изложувањето на народносните состојки на бугарската нација само прабугарските остатоци (Гагаузите) се наведени како Бугари. Сите други се сметани како Македонци или Тракијци. „… во Бугарија живеат Македонци – 3,201,720 Тракијци – 2,000,000 Турци – 1,120,000 Румунци – 650,000 Цигани – 480,000 Ерменци – 450,000 Бугари – 334,000 Евреи – 100,000 Разни др. –…
1947_Ученичка книшка, Горна Џумаја
Училишни предмети Македонски Јазик и Македонска Историја. Летото 1947 година со наменски закон изгласан во Великото народно собрание на НР Бугарија, во училиштата во Пиринска Македонија, биле воведени како училишни предмети македонскиот книжевен јазик и македонската национална историја. На сликата е ученичка книшка во Горна Џумаја (Благоевград) од тоа време.
1925_Жалба до бугарскиот цар Борис III
Поплака за македонската паравоена сила во Пиринскиот крај и за македонските бегалци кои им ги одземале работните места на Бугарите во бугарската држава.