Оддел: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1903.10.10_Richard Caton Woodville – ’La Bulgarie et l’insurrection Macédonienne‘
Цртеж на кој што се гледа негативниот однос на бугарската војска спрема македонските чети кои сакаат да влезат во Бугарија после разбивањето на Илинденското Востание. Настанот се одигрува најверојатно на реката Џума и на цртежот јасно се гледа како војниците на граница ја пресретнуваат четата. Неколку четници се повредени, другите биваат разоружани и заробени, а дел од четата под оган…
1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘Илинден’
Илинден како придвижувачки поттик за македонската национал-револуционерна борба во текот на Граѓанската војна во Грција. На цртежот е ставен слоганот: „Да јакнее военото единство на грчкиот и македонскиот народ во борбата за мир демократија национална независност“ што јасно зборува за националната македонска освестеност и поттиците за борбата која била водена. Посочил: Macedonia: a True Endless Story …
1900.07.30_Светогорецот Христо (Даме Груев), писмо до Христо Узунов, Битола
„Со систематско дејствие од страна на Егзархијата против Револуционерната организација… Назначени се учители револуционери по избор и настојување на врховниот комитет … Со тоа се нанесува голем удар на Револуционерната организација … Ерусалим, 30 јули 1900 г. “ Писмото сведочи за тоа како бугарската пропагандна политика вршена преку бугарската егзархија систематски ја напаѓала и кочела работата на Македонската Револуционерна…
1923_Павел Шатев – Осврт по повод солунските атентати
„… Нарушуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара. Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на идејата, но не и на славата. Таму, во рушевините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот…
1313—1330 « 1865_Georgii Pachymerae – ’Ephraemi Chronographi Caesares‘, t1
Ромејскиот историчар Ѓорѓи Пахимера ги спомнува Македонците и нивниот главен – „прв град“, Солун. Повеќе летописци од средниот век говорат за Солун како „главен град“ на Македонците. Посочил: Види Види Извор: archive.org
1868.01.15_Кузман Шапкарев – писмо
Кузман Шапкарев бил со намера да состави Македонско-Бугарски толковен речник. Преводот содржан во „Краткиот речник“ би бил – од македонски на горно-бугарски, и од горно-бугарски на македонски. Посочил: Македонија на Македонците
1885_Григор Прличев – беседа, Солун
„… Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера…
1915_Rodolphe Archibald Reiss
Во својот извештај во 1915 година пишува дека жителите на Македонија зборуваат македонски јазик што не се зборува во Софија или Белград и дека е посебен јазик. Тој исто така пишува дека Македонците не се Бугари ниту Срби, само Македонци. Посочил: Види Види
1903.12.05_Perth Amboy Evening News
Весникот опишува Македонец „еден од само тројца Македонци во земјата“ кој в црква ќе раскажувал за себе и ќе „пее на Македонски и Бугарски“ јазик. Посочил: Види Види
1921.04.14_Polk County News
Американски весник опишувајќи Бугарин кој соучествувал во грабеж известува дека зборувал 4 јазици – Англиски, Бугарски, Македонски и Австриски. Посочил: Види Види
1905.02.05_Андреј Славов Тошев, депеша до кнезот Фердинанд
Дипломатска депеша од бугарскиот амбасадор Андреј Славов Тошев, од 5 сечко 1905 година, кој како трговски претставник на Бугарија во Битола, ја испраќа до бугарскиот Кнез Фердинанд. Во целата дипломатска депеша Андреј Славов Тошев зборува за македонското прашање, за Македонија и за Македонците, прави јасна разлика меѓу Македонците и Србите, Бугарите и Грците! „…Амбасадорот Андреј Славов Тошев го известува Неговото…
1878.09.11_Џумајски македонски комитет, писмо од Адам Калмиков
„До Џумајскиот македонски комитет! По волја на народот и на војската, јас сум назначен да бидам водач на македонските востаници. Јас го назначив Димитрија П. Георгиев да биде начелник на штабот, а тоа им го соопштив на сите комитети. Вие се стегате да напишете ‘од Македонскиoт комитет’. Тоа име нема да загине, и поради тоа изјавувам дека без зборот ‘Македон’,…
1931.12.24_Весник Македонија, д-р Христо Татарчев – Фатална Политика, Софија
„… На македонскиот народ паѓа најголемата заслуга, затоа што ги изнесе со своите херојски, епични подвизи пред културниот свет делата на пан-српската политика. Тој е првиот меѓу сите инородни НАЦИИ во Југославија, којшто отвори борба против политиката на денационализација и ја води сам ред години со ретко самоодрекување, упорност и енергија, и со тоа врши и едно големо дело во…
1926.10.11_Весник Македонија, Георги Баждаров
„… Какви и да се српско-грчки надворешни односи – сојузнички или не, тие по постигнатите територијални поделби на Балканот, ќе се наоѓаат под знакот на српскиот стремеж кон југ. Ако Белград на времето се повлече од еден договор за сојуз и пријателство со посилната од него Бугарија, поради горниот и средниот тек на Вардар, зашто да не го поништи, во…
1912.09.16_Весник Гражданин, бр.37, Петроград
„Македонско јадење на словенскиот ручек во ‘Виена’ Деновиве бев на словенскиот ручек во ‘Виена’. Кога сум на овие четврточни ручеци, неволно ме поразува некакво чудно и жално совпаѓање, насекаде каде што се судираат словенските интереси, бездруго веднаш се појавува веќе готовиот австриски рецепт, веќе се чувствува мирисот на ‘виенската кујна’. И би сакал да верувам, би сакал да мислам дека…