Оддел: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1922_Stephen Panaretoff – ‘Near Eastern Affairs & Conditions’
Грците продолжиле да ја поврзуваат црковната припадност со народноста (етничноста), делумно како продолжение на сфаќањата од милет системот на Османлиите, а делумно поради желбата да ја хеленизираат нивната паства со изразот кој претходно беше само (црковен) еклесијален.
1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters
„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење. … Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“ Според поднасловот бугарската Влада…
1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians
За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…
1944.12.28_Генерал Терпешев, АСНОМ II, Скопје
„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“ „…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам…
1922_Stephen Panaretoff – ‘Near Eastern Affairs and Conditions’
„… изворните Бугари никогаш не ставиле нога во Македонија …“ иако името Бугар станало истоветност со Славјанин, „… нивното кралство во очите на Македонците било Славјанско кралство, кралство во нивна сопственост. …“ „… 2. Кога во втората половина на десеттиот век, источниот дел од Бугарското Кралство паднало под византиско владеење, долга борба, во траење од четириесет години, била витко одржувана…
1901.05.09_Singleton Argus, p2, NSW
„… МАКЕДОНИЈА Вечно повторуваните неволји во Македонија оваа година се закануваат да излезат на површина. Фактите за случајот се едноставни. Македонците имаат право, според Договорот од Берлин, да бидат управувани од нивните автономни установи. Оваа клаузула никогаш не била извршена, а Македонците чекаа дваесет и три години на Големите Сили да им стане згодно тоа да го осетат, освен ако…
1900.09.22_The London Times, p05 – The Macedonian Revolutionary Committee
Подолга новинарска статија посветена на Македонскиот Револуционерен Комитет после аферата со убиството на романски должносник за што комитетот бил обвинуван. За да дојде до помирување со вознемирената романска страна бугарскиот принц Фердинанд и неговите министри смениле некој министер за стопанство. Во меѓувреме охрабрен од неказнивоста Македонскиот Комитет станал прав ментор на Владата и давал малку внимание на предупредувањата од Австро-Унгарија…
1878 — 1940_Димитрија Чуповски, монета Александар Македонски
Димитрија Чуповски на крајот на синџирчето од својот џебен часовник, имал приврзано древна монета со ликот на Александар Македонски – дополнителен показател за неговата древномакедонска наклонетост. Посочил: Види Види
1988_Duncan Perry – ‘The Politics of Terror’, Duke University Press
Извадокот покрај противмакедонското делување на бугарските власти, посебно зборува за делувањето на пробугарската пропаганда, преку бугарската егзархија и нејзиниот судир со ВМРО и македонските умственици (интелегенција). Целото име на книгата: The Politics of Terror: The Macedonian Liberation Movements, 1893-1903. Посочил: Вождот
1537_Johannes Putsch – Europa in forma virginis
Првата земјописна карта каде што Европа е претставена како девојка. Македонија е исцртана како посебна земја одвоена од Грција, Бугарија, Склавинија и други земји. Посочил: Vintage Maps
1941~1949.06.26_Raids by Greek Terrorist
„… ПРОГОНИ ОД ГРЧКИ ТЕРОРИСТИ Лондон, Жетвар 26 (A.A.P) Оптужбите во Југословенскиот печат дека банди од Грчки Е.Д.Е.С под команда на Генерал Зервас, спроведуваат терор програма против Македонците, подигнаа стравови дека може да настанат сериозни меѓународни компликации. Извештаите тврдат дека бегалците идат преку Скопје, (порано Ускуб) во Србија, со приказни дека се истерани од своите домови со грабеж и насилство….
2023.12.10_Комитет за отстранување на расна обесправеност, ООН – Извештај
‘Комитетот за отстранување на расна обесправеност’ при ‘Деловницата за човекови права на Обединетите нации’ во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за обезбедување на човековите права на припадниците на малцинските народносни заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги примени релевантните пресуди на ‘Европскиот суд за човекови права’ што се однесуваат на правото на…
1912—1913 « 1977_Stratis Myrivilis – ‘Life in the Tomb’
„… Овие се селани чиј јазик е сличен на тој од Бугарија и Србија. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаат децата во војска. Другите ги мразат поради бедниот однос на нив како ‘Бугари’. Тие покажуваат наклонетост кон нас како Ромеи, бидејќи ние сме вистински претставници на ‘Православниот патријарх од Константинопол’ … Како и да е, тие…
1917_The National Association of Corporation, 5th convention, Buffalo – New York
Македонците меѓу другите националности, при тоа одвоено од Бугарите. „… Националностите кои општо ги посетуваат следните училишта се: Ерменци, Македонци, Бугари, Унгарци, и Германци, машки и женски. …“ Посочил: Вождот
2010.12.31_EC, European University Institute
Во извештај од Европскиот Универзитетски Институт доставен до Европската Комисија меѓу другите потиснувани малцинства во Грција се спомнува и македонското малцинство. „… Tolerance and Cultural Diversity Discourses in Greece Apart from the above officially recognised minority, there is a Slav-speaking population of northwestern Greece, widely known along Greece as Slav-Macedonians. These latter had mobilised politically in the 1990s, raising…