Оддел: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1895_El Correo Español, Madrid
„… Се потврдува веста дека бунтовниците Македонци извршиле напад врз месноста Мелник. Нема податоци за тоа дали успеале да го заземат. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1927.09.27_El Sol, Madrid
„… Сега Југославија не сака да го именува тоа малцинство што постои во нејзините граници од времето на Балканските војни, затоа што нејзината политика, не многу пријателска кон Бугарија – претпочита да ги нарекува Бугари, додека тие самите се нарекуваат Македонци. Денес, кога проблемот може да се види сосем јасно, нека дадеме осврт на ова движење за независност. Македонија е…
1880+_Руската дипломатија во бугаризација на Македонците
„… Пред години, во самиот почеток на бугарската преродба, тогашниот руски конзул во Солун ги наговарал Х. лазаровци, како и Робевци во Битола, да не ја кријат народноста, а да преминат во Бугари, затоа што, како богати и влијателни луѓе, обичното население нив ги гледа и нив ги следи. … Д. Миладинов … дека В. Григорович го замолил да напише…
1909.11.27_Deseret Evening News
„… ЈАЗИЧАР БАРА РАБОТА Јас можам да разговарам многу различни јазици. Јас зборувам Германски, Унгарски, Словенски, Полски, Хрватски, Бохемиски, Бугарски, Македонски, и нешто Романски и Руски, …“
1903_Пејо Јаворов – ’стенограмски забелешки‘
Гоце Делчев: „… Ќе го раскинеме тоа було и ќе не грејне сонцето на слободата, но НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ. Јас …“ Поради разобличувањето на позициите на нападната бугарска историја оваа реченица од ракописните стенограми на пријателот на Делчев, Пејо Јаворов, првпат објавени од неговата внука Ганка Најденова – Стоилова 1962 година се предмет на бугарско лажирање. Во првичното објавување (1962)…
1891.06.22_Митрополит Теодосиј до архимандрит Дионисиј, писмо
Писмо од Митрополит Теодосиј низ кое се согледува несомненото македонско национално самочувство. Се открива начинот на кој се разговарало во македонската борба против непријателските хегемонизми. Владиката Теодосиј Гологанов е еден од најголемите и најспособните Македонци, кој со сите свои сили се залагал за македонските национални права. „… Светата наша Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија…
1915+_Документи за одземање и уништување на книгата ’За Македонските работи‘
Книгата „За Македонските работи“ од Крсте П. Мисирков скоро целосно била уништена од страна на бугарската држава. Во 1942 година Блаже Конески како студент (Блаже Конев) во Софија наидува на сокриен примерок во софискиот универзитет. Книгата скришно ја зема, пребегнува во Македонија и се приклучува на партизанските единици. Така за среќа, каква што немале многу други вредни пишувани дела (пример…
1904.09.16_The Pacific Commercial Advertiser, Honolulu
„… LIFE IN MACEDONIA: THE MARKET PLACE OF USKUB (Skopje) The centre figure is an Albanian, who carries arms – as do the Turks – though the Macedonians are not allowed to do so & are consequently often subjected to attacks against which they cannot defend themselves …“ Посочил: Саша Узунов Извор: chroniclingamerica.loc.gov
1903 – 1905_Documents Diplomatiques, Affaires de Macèdoine, p190-191
Француски дипломатски документ во кој се истакнува определбата на Јане Сандански за остварување на слоганот „Македонија на Македонците!“. Преводот е од Х. А. Пољански „Документи за борбата на Македонскиот народ за самостојност и за национална држава“ том 1, Скопје, стр 484-485 Посочил: Poljakot od Makedonija
1918 « 1964_др. Драг. Јанковић и др. Б. Кризман – ‘Грађа о стварању југословенске државе’, т1, с238, Београд
Барање од македонски претставници до српската делегација во Крфската Декларација да влезе желбата на сите Македонци како словенско население со територијата на цела Македонија да влезат во југословенската држава. Посочил: Poljakot od Makedonija
1921_Anton Leopold Hickmann – “Geographisch-Statistischer Universal-Atlas”, Wien
Во универзалниот атлас на Антон Леополд Хикман покрај другите народи споменати се Македонци, македонски народ, македонски јазик и тоа кои живеат во Југославија, Грција и Бугарија. Посочил: makedonien.mk
1926_R.Karutz, d-r – ‘Die Volker Europas’, Stutgart
Иако авторот на книгата има сомнително толкување за потеклото, несомнено Македонците ги споменува како одвоен народ на Балканот, покрај Албанци, Бугари, Грци и Срби.
1913.06._ Димитрија Чуповски (писма до Митрополит Неофит и Петар Поп Арсов), Санкт Петербург
Две писма на Димитрија Чуповски од кои може да се согледа како се разговарало за Македонците како посебен народ, За лозунгот на ВМРО „Македонија на Македонците!“ и тн. Посочил: Poljakot od Makedonija
1897_Г. С. Блант – статистички преглед за битолскиот вилает
Според демографската статистика од британскиот вицеконзул во Битола – Г. С. Блант, Славјаните се набројно население во битолскиот вилает. Посочил: Poljakot od Makedonija
1874.11.04_Списание Читалище , Цариградъ
Душан Силни бил Македонец, а не Србин. Македонците од 14 век заедно со Србите наспроти Бугарите. Бугарски и македонски Владици. Македонски кнез Жарко кој самотојно владеел со Македонија. Посочил: Poljakot od Makedonija