Оддел: 4.2 Само слика
Докази за македонската самобитност од РАЗНИ МАКЕДОНСКИ ИЗВОРИ со изворна слика, но без посока за времето или изворот на документот.
Фолклорна употреба на Древномакедонските ознаки
1349_Лесновски манастир – фреска ‘Псалм 148’

1928_Сликовно табло на Леринските војводи
„… Табло на Леринските војводи, паднати за слободата на Македонија до и за време на Илинденското востание 1903 год., издадено по повод 25 годишнината од востанието. …“

1830_Црковен натпис со македонски презимина
Црковен натпис кој покажува за постепената и растечка природна појава во македонскиот јазик, семејната припадност да се искажува со додавање на ‘ски’ и ‘ска’ после името на предокот. ..друг пример Посочил: Пољакот од Македонија

1944.11.17_Видео исечок – говор на М. А. Ченто
Методија Андонов Ченто држи говор на средишниот скопски плоштад набргу после ослободувањето. Посочил: Гоце Панговски

1929_Македонија на Македонците, Софија
На просвед во Софија Македонци носат транспарент со слоганот „Македонија на Македонците“. Секогаш кога во бугарската политика се намалувале надежите за грабнување и на вардарскиот дел од Македонија, се подотворала вратата за послободно истакнување на веродостојните македонски национални стремежи. Посочил: …
1922+_МПО собир
Собир на Македонската Патриотска Организација (МПО) од Лорејн, Охајо, САД, на која е истакнато знаме со „Александар Велики“. На печатот од организацијата стоел слоганот: „Македонија на Македонците“.
1911_Првата македонска Црква во Канада
Првиот македонски црковен храм во Канада под јурисдикција на руската задгранична Црква.
1944.11.04_7ма Битолска бригада – Ослободување на Битола
Седма македонска ударна бригада (позната и како Битолска ударна бригада) била создадена на 22 житар 1944 година во селото Зборско, на планината Кожуф.