Пофалба на глупоста

Пофалба на глупоста

И тоа се случи во мојата чудесна земја. Избори без можност за избор, притоа прикажано како врв на (не)демократија.
Самиот збор „избор“, значи да имате повеќе можности – опции и од повеќето понудени да ја изберете најсоодветната според вашите мерила. Ако имате само една понудена можност неможе да стане збор за „ ИЗБОР“, не знам кој назив е најсоодеветен за денешнава постапка од страна на една од најголемите политички партии во Македонија, која за жал ја има и власта неколку години.
Изборите значат избор – борба на идеи, принципи, програми, со конкретни активности за нивна реализација. Немаме ниту една идеја, а од додегашните достигнувања, може со сигурност да заклучиме и како ќе се реализираат овие (без)идеи. Затоа сме и таму кај што сме. На дно од дното, пониско неможе по сите параметри.
Во време на пандемија се организираат избори за избор на еден веќе избран кандидат. Се мобилизира целото членство, дури 70 илјади луѓе излегуваат да заокружат една понудена личност која е предодредена да владее со нив. Ми личи на кралевите од МАЛИОТ ПРИНЦ, самобендисан нарцис, тотално неспособен кој со досегашното владеење ја уништи Македонија.
Ако се гледаат и квалитетите на членството и активностите од сегашната владејачка партија, може и да заклучиме дека веќе избраниот лидер е „НАЈ’ од сите други. Најнеспособен, најкорумпиран, најнеправеден, најбезидеен, најголем лажов, без ниту еден позитивен пример во досегшното владеење. Тоа што тој е на врвот, самокандидиран, самоизбран, значи сите останати негови „ поданици“ се подолни од него. Со право можам да прогласам дека во мојата чудесна земја има 70 илјади морони, улизици, безкарактерни, безидејни амеби кои се согласуваат еден ЗЗ да им биде водач-лидер, и да ги води во провалија од која нема враќање.
А тие и понатаму мислат дека „БЛЕСКАМЕ“.

21 цутар 2021
СТАВ НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА