Неколку цитати од Новозаветната книга „Дела Апостолски“ во кои јасно е дека во Библијата Македонија и Грција (Ахаја) се сметани за две различни земји.
Еден од најважните историски документи, можеби најважен е Светата Библија! Во Библијата Македонија е прикажана одвоено од она кое денес се нарекува Грција, а Македонците како посебен народ, различен од Хелените!
Во Новиот Завет, во Дела Апопстолски 20:1-3, пишува:
„1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.
2 Откако ги помина оние краишта и ги ободри со многу зборови, дојде во Грција.
3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија. …“
Истото раздвојување се случува и на други места во Библијата како на пример Послание до Солуњаните, 1:6-8:
„6 И вие се угледавте на нас и на Господа, примајќи го словото во голема неволја, со радоста на Светиот Дух,
7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.“
Од ова според Светото Писмо во апостолско време, Македонија не била дел од Грција. Македонија била посебна земјо-народносна и државна единица. Доколку Македонија би била дел од Грција, тогаш според податокот од новозаветните цитати св. Павле кога бил во Македонија веќе би бил во Грција.