Category: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1824_Петар Х. Борович – ‘Буквар со различни поученија’
Писателот Борович го потврдува податокот за хрватскиот поет Релковиќ кој Александар Македонски го става како еден од најславните Славјани. 1767_Mathiam Antonium Relkovich – ‘Nova Slavonska i Nimacska Grammatika’ Посочил: Македон Хегемон
1876_Ancient Greece on map
Како што може да се види од земјописните карти Македонија е необоена како земја надвор од хеленските земји. Посочил: Makedon Hegemon
1903.05.26_The Daily News, London
„… Делчев создателот на Македонската револуционерна организација, беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт најверојатно ќе го парализира револуционерното движење. Минатата година се случи поделба во Македонскиот Комитет. Членовите на стариот комитет под Г. Сарафов беа обвинети дека повеќе работат за бугарско проширување отколку за независност на Македонија. Беше создаден нов комитет, кој искрено промовира македонската…
1903_Пејо Јаворов – ‘Македонска Песна’, Али-Ботуш планина
Пејо Јаворов песната ја напишал на Али Ботуш Планина, кога бил заедно со Гоце Делчев. Посочил: _zona93
1881_К. Перчек – ‘Бугарски Дневник’
„… Македонецот Драндар не знаеше и не научил германски ни бугарски јазик, но знаеше и зборуваше МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. …“ Посочил: _zona93
1900~1903_Никола Карев до Гоце Делчев, писмо
Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува. Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме…
1924.03.23_The New York Times – Macedonia ready to fight Serbia
Една подолга статија која зборува за непрекинатата македонска борба за самостојна државност од крајот на 19 и почетокот на 20 век. „Македонија спремна за борба со Србија“ Српската Влада ја обвинувала Бугарија за неспособност да воспостават стабилна управа во Македонија. Бугарија се правда дека со договорите после Прва Светска војна таа нема доволно војска за да ја уредува состојбата…
1924.03.06_The New York Times – Bulgarians arrest more Macedonians
Бугарската држава одговара на барањата од Југославија и спроведува дејства за сузбивање на македонските револуционерни организации кои се борат за ослободување на Македонците. Како што се чита од известувањето има јасно разликување меѓу Македонци и Бугари. „БУГАРИТЕ АПСАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ 300 Се сега во Затвор Поради Обвиненија за Завера против Југославија. Творечки права, 1924, на New York Times Претпријатие….
1913.06.29_Симбирянинь, б1790, с1
С. Ф. Иљин, публицист и уредник на руското политичко списание „Симбирјанин“ се застапува за создавање независна македонска држава како предуслов за траен мир во Европа и покрај званичната политика на руската Влада секогаш да ѝ дава предност на (од Русија) новозоздадената држава и нација Бугарија. Иљин пишува дека Македонците не сакаат да бидат претопени (асимилирани) во Срби, Бугари и Грци…
1945+_Христо Калайджиев – Нашата пътеводна звезда
Статија на Христо Калајџиев, познаник на великанот Гоце Делчев. Статијата почнува со зборовите: „… Гоце беше и ќе биде патоводна ѕвезда за македонскиот народ во неговата борба и стремежи за национална правда, култура и благодејствие. …“ Посочил: ОМО Илинден Пирин
1919.05.11_The New York Times – Macedonian settlement
Пробугарски настроен известувач чиј допис бил објавен во весникот The New York Times. Повеќе од очигледно е како во текот на написот се обидува да ја омекне и пренасочи јавноста од негативниот меѓународен однос кон Бугарија, држава на страна на губитниците од Прва Светска војна. Така што не се спротивставува на независноста на Македонија за која се залагал и американскиот…
1928_Стојан М. Протић – ‘О Македонији и Македонцима’, 2 издање, Београд (pdf)
Изразита српска пропагандистичка книга во која се протнуваат факти за македонската самобитност. Книгата е второ продолжение на истоимената од 1918 година. Во првата книга се наведува дека Самуиловото царство не било ни бугарско ни српско, туку тоа била изворна сопствена македонска држава. Целата книга дигитализирана од МНА: Посочил: Ѕале
1939_Pix – ‘Political Riots in Bulgaria’, Australia
„… Политички Немири Во Бугарија Бугарија има жителство од отприлика 6,500,000 распоредени помеѓу 11 националности. Демократските методи не може да се каже дека се влезени во Балканската политика; од таму постојанoто прибегнување кон сила. Погоре: Коњаничка полиција растерува демонстрација од Македонци. …“ Посочил: Саша Узунов Извор: TROVE
1915.04.05_The New York Times – Blame put on Macedonians
„… Обвинувањата ставени на Македонците. Рим, Тревен 4, (преку Париз.) – Д. Ризов, Бугарскиот министер во Рим, изразил мислење денес дека инцидентот на Српско-Бугарската граница бил работа на Македонските револуционери во Србија, кои се спротивставуваат на српскиот режим на територијата стекната во Балканските војни, на која настанала борба. Г. Ризов тврди дека Бугарската Влада на никаков начин не била одговорна…
1914.11.25_The New York Times – Urge bulgarian action
Водечките пратеници од Софија бараат Македонија да биде окупирана. И во изразноста од Прва Светска војна бугарското запоседнување на Македонија во бугарските установи, во случајов бугарскиот законодавен дом, е нарекувано окупација. URGE BULGARIAN ACTION. Leading Deputies of Sofia Ask That Macedonia Be Occupied. LONDON, Nov. 24.—In the course of the sitting of the Bulgarian Parliament today, says a dispatch…