Category: А16 Живи сведоштва
Народни и лични изјави и постапки кои одат во прилог на македонската определба.
2005.04.22_Собир на Македонците во Пиринско
Собир на Македонците по повод одбележување на смртта на царот Пирински – македонскиот војвода Јане Сандански.
2018.04.22_Димитар Иванов – ’Ехо од Пирин кон Вардар и Егеј‘, Мелник
Една од книгите за националната борба на Македонците во Пиринско. Посочила: Донка
1800+_Mihаlis Ntinopoulos
Мојата пра-пра-прабаба (на грчки позната како Мариго Милона) и сестрата на мојата пра-прабаба (на грчки Поликсени Зографу) се спомнувани во грчки книги. Се рaзбирa, во нив не се спомнува ништо за нивното македонско етничко потекло. Мариго е од Куфалово, село во кое се зборувало македонски (денес Куфалија, во солунскиот регион) а Поликсени била од Струмица. И Мариго и Поликсена, иако…
2021.07.05_Георги Сотиров Дукимов, Гоце Делчев – Пиринско
„… Целиот сознателен живот тој го посвети на идејата за ОБЕДИНЕТА и НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА. Неговото дело ќе биде пример за поддржување на повисок облик на патриотизам и родољубие. Вечна му памет. …“ Од пријателите – соидејници. Посочил: Донка Повеќе
2008_Борис Сандански
Борис Сандански потомок на Јане Сандански, член на ОМО Илинден – Пирин, говори на 130 годишнината од македонското Кресненско востание. Посочил: Poljakot od Makedonija
Хриса Калиманова (1986)
Хриса Калиманова била само една од многу партизанки нa НОБ во Егејска Македонија, кои целата своја младост ја поминале измачувани во занданите од грчката војска и полиција. Во интервју раскажува за геноцидот над Македонците од Егејскиот дел на Македонија (снимено 1986 година): На, полицискиот дом не’ пречекаа со зборовите „Добредошла б’лгарко“ – јас му реков не сум б’лгарка! Вели ,Шо…
1941-1949+_Крсте Димитров Нушков и други – бомбардирање и прогон
Повеќе лични сведоштва за бомбардирањето со напалм, измачувањата и прогонот на Македонците од Беломорска Македонија.
2010.02_Стојан Георгиев – Томовичин
„… Не другар истражител јас не сум Бугарин јас сум Македонец …“
2018.06.08_Катерина Трајкова Нурџиева – внуката на Гоце Делчев
„… Не за друго, за да знаат Македонците дека Гоце и неговата фамилија се посветени само на Македонија. … Затоа, чувајте го чисто името, не некој да го присвојува … Животот го даде знаејќи дека умира за Македонија. Во устата на Гоце стално стоеше зборот Македонија. Да се чува Македонија, зашто од Македонец, подобар, почесен човек нема. …“ Најмалата внука…
2000+_Мајнови, с. Илиџиево, Солунско
Брачен пар Македонци од с. Илиџиево (Неа Халкидоња) од близината на Солун каде живеат и многу други Македонци зборуваат за себе како домородни Македонци кои зборуваат на македонски јазик. На видеото се гледа слика од Гоце Делчев ставена до иконите. Посочил: Spiritual Pulsar
2000+_Грчка NET TV – Македонски јазик, Солун
Македонскиот јазик според ЕК го говорат 75000 жители на Грција, но според Ethnologue има 180 000 само во административната област Западна Македонија. Посочил: Spiritual Pulsar
1900~ « 1988 « 2000_Божидар Видеоски – ‘Текстови од дијалектите на македонскиот јазик’, Скопје
За Гоце Делчуф „… Помнум еште ка ма-нусиа на-Солун. Тугај ного са-гуворше за-Гоце Делчуф. Иjше у-нас, ниа гу-чувахме. Е, тугај, ка-с-запали Калинуво, татко ного jаде кутек ут-Турците. Гу-калваа, ниа ричеме татко к-о-утепат. Арно ама н’оо-дее, сј-о земе дома. Там бих и аска. Турцте ного пакус правиа, запалиа селта, запалиа ного нарот, ного нарот измре тугај. Тугај ас бих уф-них, уф-вуjчинне….
1947-1949 « 2010_Христо и Александра Колувеови
Сопружниците Христо и Александра Колувеови потекнуваат од с. Бабчор, Егејска Македонија. Биле борци за демократска Грција: тој извршувал курирска задача, седум пати бил ранет во војната; а таа била одговорна за пушкомитралезот. Родени се во с. Бабчор, Христо во 1928 г., а Александра во 1931 г. За жал, поради болест од Христо не дознавме многу, освен дека го мобилизирале во…