Category: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.
1902.04.13_The New York Times – Macedonian revolt urged
„… ПОТТИКНАТ МАКЕДОНСКИ БУНТ Издаден е Повик за Општо Востание во Бугарија. Виена, Тревен 12 – The Neue Freie Presse денес објави допис од Софија, Бугарија, објавувајќи дека е издаден проглас од М. Сарафов, Македонскиот водач, повикувајќи ги Македонците во Бугарија да се придружат во општо востание за Тревен 27. Четите се собираат на Турската граница за соработка и инвазија…
1902.08.06_The New York Times – Dare not check Macedonians
„… ПОДОБРО НЕ ПРЕДИЗВИКУВАЈ ГИ МАКЕДОНЦИТЕ Зошто Принцот Фердинанд од Бугарија е точно, како што е обвинуван, дека тајно го заштитува Комитетот. Лондон Тајмс – Њу Јорк Тајмс Лондон, Жит. 6. – Виенскиот дописник на The Times вели дека примил доверливо известување кое се однесува на заматените односи помеѓу Македонскиот Комитет и бугарските власти. Се покажува, вели дописникот, дека Принцот…
1902.08.18_The New York Times – Macedonians divided
„… МАКЕДОНЦИТЕ ПОДЕЛЕНИ Избрани Два Комитети, Сарафовите Поддржувачи Држат Одделен Конгрес. Софија, Жит. 17. – Македонскиот комитет кој беше во конгрес овде од Жит. 10 го реизбра поранешниот комитет. Поддржувачите на М. Сарафов, познатиот бивш Претседател на комитетот, одржа одделен конгрес и избра друг комитет. Водачот на регуларниот комитет е Ген. Цончев. Расколот во комитетот, како што се смета, наголемо…
1923_Vesnik ‘Narodno jedinstvo’, br48, Hrvatska
„Србите велат дека ние Македонците сме Срби и дека тие нѐ ослободиле. Да видиме што говорат нивните дела, односно недела спрема нашиот народ. А тие говорат дека за нас Србите се полоши и од Турците. Бидејќи не е само тоа што не викаат Јужносрбијанци (?!), ниту тоа што Македонија ја викаат Јужна Србија (се гледа дека на нашите “ослободители” им…
1878.03-04.15_Дејствителен државен советник Хитрово, Сан Стефано
(Санстефано, 15 тревен 1878 година) (Михаил Александрович Хитрово бил првиот руски конзул во Битола, член на Санкт Петербуршкиот словенски комитет и добар познавач на Македонија и Македонците, н.б.) „…Така четата на Ѓорѓија Пулевски во текот на два и пол месеца ја обезбедуваше месноста Тројански Колиби, во секојдневни судири со групи башибозуци, а понекогаш и со регуларните војски… Овие чети, а…
1903.09.24_The National Tribune, p3
Уште една новинарска статија која укажува за склоноста (тенденцијата) за отстранувањето на Македонија од званичната документација. „Во дописите од Константинопол постојано се спомнува Македонија. Нашите читатели ќе имаат големи тешкотии да ја најдат на мапата, бидејќи македонското име исчезна од светската политичка историја пред векови.“ Посочил: Портал Македонска Нација
1903.06.16_The Sun, p12
Поимите Македонија, Македонци, македонски народ и јазик, носат со себе голема историска гордост и вековна традиција. Така секој оној којшто сакал да ги добие тие вредности во свој посед, извесно време ја забранувал нивната употреба, заради претопување (отстранување) на неговите носители. Во американскиот весник „The sun“, се објаснети обидите на османлиските власти за целосно бришење на името Македонија. Бидејќи тоа…
1903.04.07_Султанска наредба – забрана на името Македонија
Името Македонија, Македонци е во непрекинатост забранувано и присвојувано име. Забранувано како народносен поим, присвојувано како титула и бренд за посед. Со завршетокот на македонското превладување сите подоцнежни империи поради историски геостратешки засегања имале и во денешницата имаат повеќе или помалку негативен однос кон обновата и растот на значењето на македонското име. Посебно е негативен односот против Македонија како народносен…
1945.02.11_Смиле Војданов (Претседател на МАНЛ) – Меморандум до Френклин Д. Рузвелт (Претседател на САД)
„Со оглед на честите референци за македонското прашање во последните депеши од Балканот, како и поради тоа што јавно се разговара за проблемот околу идните граници меѓу балканските земји, Националниот комитет на Македонско-американската народна лига на САД што се состана во Детроит, Мичиген на 11 сечко 1945 година се чувствува повикан како претставник на илјадници Американци со македонско потекло…
1934_Тодор Геров – ‘При Шар’, Софија
Во својата книга „При Шар“, Тодор Геров во 1934 година пишува како се викало населението во тетовскиот крај во ромејско време. Тој објаснува како и по доаѓањето на Славјаните (Драговити), населението во тетовско продолжило да се именува како Македонјани. Така се нарекувале до освојувањето на Македонија од бугарските племиња, кои ги прекрстиле сите Славјани кои живееле во Македонија, Мизија и Тракија…
1000~ « 2010.12.14_Horace G. Lunt – ‘Old Church Slavonic Grammar’
„… Овие ракописи мора да се стават во најстаро датираните Славјански текстови, краток надгробен напис поставен од Македонскиот крал Самуил во 993. …“ Codex Zographensis (Zo) има 271 листови на Старо Црковно Славјански плус 17 на стара Македонска Црковно Славјанска глаголитица верзија (Zo2). Codex Marianus (Mar) имал 174 листови … одредени изместувања од теоретските норми укажуваат Македонски влијанија, други можеби…
1895.07.31_Zeehan and Dundas Herald, p3
„МАКЕДОНИЈА. Големо тело од востаници во Македонија извршиле жилав напад на градот Менлек (Мелник н.з.), и покрај силната одбрана тие накрај истерале сѐ пред себе. Портата признава дека вториот и третиот армиски корпус кои сега се мобилизирани се покренати со намера за скршување на Македонците. Голема сензација беше предизвикана во Константинопол од разузнавањето дека извесен број на востаници кои неодамна…
1903.12.07_Slovenec, 283, s3-4, Ljubljanske novice
„… Бурите се Германи, а Македонците пак се Словени… и нам на Словенците ни се забранува да им потпомогнуваме во таа иста благородна и човекољубива замисла само заради тоа што Македонците се наши крвни браќа. ‘Каде сме, та во Австрија да не смееме да зборуваме за турските ѕверства? … Дали стигнавме во Австрија толку далеку, што Владата сака да угуши…
0700—1100_Средновековни летописи – Бугарскиот не бил славјански јазик
Во следните записи од средновековните летописи се зборува за бугарскиот и славјанскиот јазик како два сосема различни јазици. Тогашниот јазик кој се именува како бугарски не се смета за славјански јазик. Уште помалку дека старославјанскиот се нарекувал бугарски јазик. Исто така Бугарите и Славјаните се наведуваат како припадници на две различни раси. До 1100-та година во сите црковни…
1903.12.07_Slovenski Narod, 283, s3, Ljubljana
Словенечкиот весник “Словенски народ” од Љубљана, пишува за забранетото предавање на Петар Орловец, дописник на “Петербугские Ведемости” од Љубљана, за состојбата на Македонците после Илинденското Востание. „… Интересот за објавеното предавање за положбата во Македонија беше во Љубљана огромен. Како пак беше непријатно изненадено многубројното граѓанство, кога ја најде салата, каде што требаше да се предава, затворена, со објава дека…