2002.10.30_John S. Koliopoulos & Thanos M. Veremis – ‘Greece, The Modern Sequel’

2002.10.30_John S. Koliopoulos & Thanos M. Veremis - 'Greece, The Modern Sequel'

„… преработена за да излези во пресрет на државните идеолошки потреби. Фолклорните проучувања процветале со широк распон на претпоставени древни обичаи и традиции.

  Проследено со основањето на Катедра за Историја, катедра за Археологија и Фолклор биле последично додадени во студиите на Националниот и Каподистриски Атински Универзитет за да помогнат во хеленизацијата на земјата и да ја бранат нацијата против сите кои ги спореле нејзините древни (антички) корени. Прашањето за иднината на Македонија при преломот на векот предизвикало револуција во модерната грчка национална идеологија, исто каква што била видена и во други земји. Жестоките и наштетувачки напади од лингвистите и етнолозите на валидноста на грчките тврдења за најстарите историски права во северните грчки земји како Епир и Македонија, кои ги носеле трагите на средновековните и подоцнежните измени во нивната изворна етнолошка составеност, додаде сила на хеленизирачкиот процес кој веќе се одвивал. Од универзитетските професори беше очекувано да учествуваат во националните идеолошки битки против непријателите од другата страна. Повеќето грчки академици покажале волја во тоа време – како што од тогаш и прават – да одат во согласност со она кое било сметано за национална идеологија и политика, произведување папири и монографии наменски создадени за да ги поддржат. …“