1888.02.10_Стојан Новаковиќ до Драгутин Франасковиќ, писмо, Белград

1888.02.10_Стојан Новаковиќ до Драгутин Франасковиќ, писмо, Белград

„… Панта Кондиќ родум од Прилеп, бивш ученик на солунската бугарска гимназија во VII одделение, со молба да се испрати во Србија за таму да го продолжи учењето. Рече дека сега во Коложег со уште 18 ученици е исклучен од VII одделение во тамошната гимназија затоа – по неговите зборови – што не сакале да работат на бугарски јазик туку сакаат да работат и да им се предава на нивното домашно македонско наречје. …“

Стојан Новаковиќ

Поради бунт во Солунска гимназија исто така исклучени биле 38 ученика, од кои 14 седмоодделенци. Предводници на бунтот биле Даме Груев и Петар Поп Арсов. До крајот на 1888 година во Белград се нашле 33 ученици од Македонија. Меѓу нив биле Даме Груев, Петар Поп Арсов, Никола Наумов, Крсте Петков Мисирков и други.

Посочил: Пољакот од Македонија