Во летопис од 1480 – 1483 година се споменуваат Македонци и тоа заедно со Турци, Сарацени, луѓе од Албанија, Ахаја, Илирија и Склавонија кои се нашле како робови на галии.
„… Овие робови на галии најголем дел се купени робови на капетанот, или инаку тие се луѓе од ниска класа, или затвореници, или луѓе кои избегале или биле одземени од нивните земји, или прогонети, или се така несреќни што не можат да стекнат животно прибежиште. Кога и да има страв од нивно бегство тие се обезбедуваат со синџири за нивните клупи. По правило тоа се Македонци, и луѓе од Албанија, Ахаја, Илирија и Склавонија; а понекогаш помеѓу нив има Турци и Сарацени, кои ја прикриваат нивната религија. …“
Посочил: Кристијан Ц.