1903.04.26_The Washington Times, p3, i3

1903.04.26_The Washington Times, p3, i3

Што пишува за тоа Х.Р. Чемберлејн, дописник на Вашингтон Тајмс од Софија, во дописот од недела, 26. април, 1903 година на страница 3:

„… Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (се мисли во Бугарија з.н.) се Македонци, по род или по потекло …“, пишува дописникот на Вашингтон Тајмс од Софија во 1903-та година.

Својот допис го почнува вака:

„… Тие се стремат за ништо помалку од независност, иако таа нивна амбиција ја прикриваат со терминот автономија. Добрите познавачи се убедени дека независна Македонија би значело најцрна анархија во земјата. Можеби би требало да објаснам дека востаниците имаат поголема цел, како што ми беше објаснето пред некој ден, со речиси фанатичен ентузијазам, од нивниот врховен лидер. Тој вели дека посакува да се формира Балканска, или како што тој се изрази, Јужнословенска федерација, која би се состоела од Бугарија, Србија, Албанија, Македонија и Романија. Цел на оваа федерација би била да се спречи пан-руската и пан-германската експанзија, а тој посакува да обезбеди активна поддршка за ова од Велика Британија и Франција. Бесцелно би било да му се објаснува нему апсурдната неможност на оваа негова цел во сегашната ситуација …“, пишува Вашингтон Тајмс.

Понатаму во текстот (види прилог) објаснува:

„… Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (во Бугарија) се Македонци, по род или по потекло. Како и да е, руското влијание за контрола на (бугарската) влада е неверојанто умешно, а засега нема знаци на какво било јавно движење за промена на вистинскиот став, што Русија толку строго го има пропишано …“, пишува покрај другото дописникот на Вашигтон Тајмс од Софија во 1903 година.

(фото) ВАШИНГТОН ТАЈМС ВО 1903 ОД СОФИЈА: Близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или по потекло

Извор: chroniclingamerica.loc.gov

mk_MK