1923.09_Journal de Paris

Вероучение - Поука 03

„… Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наоѓа Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој не може да ви одговори. Белградската Влада нуди огромна сума пари на оној што ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: ‘Ни најмалку. Јас знам ни рече тој сѐ што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да нѐ уништат, или да ја признаат нашата независност’.  …“

Посочил: Македон