1904.01.25_Novi Hrvatski Radnik, br2, s4

1904.01.25_Novi Hrvatski Radnik, br2, s4
Хрватските јавни гласила “Novi List” и “Novi Hrvatski Radnik” упатиле јавен проглас во коложег 1904 г. во кој ги повикуваат Хрватите да не се приклучуваат на oсманлиската војска или други странски воени единици против Македонците за време и по задушувањето на македонското Илинденско востание.
„Македонски жандарми. Весниците донесуваат дека военото министерство ги повикало сите поранешни војници, да се искажат дали се волни да стапат во македонското вооружување. Му ветуваат на секој подигнување на честа, имено кој е прост војник ќе стане наредник, и тн.
Хрвати! Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и крвариме со различни душмани, та така и македонскиот народ не сака потчинување, туку сака да биде свој на своето, слободен и независен: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за подреденост и окупација на Македонија, тој се стреми за затварање на македонските права и слободи, по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата земја. Ние Хрватите да го чуваме својот дом, за него да се грижиме, и да не се залетуваме за капларската чест, бидејќи и дома ќе имаме леб ако работиме. Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стане со нашата крвава и тажна земја. Изречно: не во Македонија!!!