1842.06_Br. E. A.Bonfacoes – Romaic Grammar

1842.06_Br. E. A.Bonfacoes - Romaic Grammar

Во оваа „ромејска“ граматика можеме да прочитаме дека во 1820-те само ¼ од Грците се чувствувалe Хелени. Грчката висока општествена каста го претпочитала ромејското национално име.

Променливоста на етничката и националната самоопределба во минатото / Variability of ethnic and national self-identification in the past

Привремената и делумна употреба на некое политичко име кај некој народ (наместо традиционалното етничко), како еден вид национална самоидентификација, вo 18. и 19. век било сосема нормална појава… Toa неретко ce cpeќaвa и денес. Илјадници примери го поткрепуваат фактот дека етничката свест и националната oпределба во минатото биле, а и денес се менливи.

Во 17, 18 и 19 век мнозинството Грци го претпочитале ХРИСТИЈАНСКОТО РОМЕЈСКО (источно-римско или тнр. „византиско“) наследство пред своето ПАГАНСКО ХЕЛЕНСКО потекло. Националните идеали биле возобновување на ромејското „византиско“ царство итн., па ПОЛИТИЧКИ се нарекувале Ромеи (Римјани, Рум-милет), а и нивниот јазик – ромејски (римски).

Дури отпосле, во втората половина на 19. век, доаѓа идејата кaj Грците, византиската традиција и наследство да се спои со елинистичката, какo продолжение. Така, покрај елинската, Грците ги присвојувале и краделе древно-македонската, тракиската и други култури.

Краток опис на содржината: Револуцијата од 1821 го наметнала зборот Елада. Тоа главно се користело од доселениците од Баварска Грција кои претставувале една четвртина од грчката нација. Додека мнозинството од народот себе си се сметале за Ромеи и јазикот ромејски. Ромејскиот јазик не може да се определи порано од времето на царот Теодор.
Да се нарекува некој за Хелен до пред неколку години се сметало за паганска идолатрија. И до времето на пишување на книгата многу монаси именувањето Хелен го сметаат како ужасно именување кое не е соодветно за Христијанска нација. Истиот назив бил одбиван од Фанар и грчкото свештенство.
Арапите, за модерните Грци ги користеле зборот Ромеи, додека древните жители на Грција ги нарекувале Јонци. А пак под Ромеија, како држава на Ромеите ги сметале Грција, Македонија и Тракија.

Ромеија или Византија од Арапите не била сметана само Грција. Туку биле сметани Грција, одвоено Македонија и плус Тракија. Затоа и скоро на сите турски земјописни карти територијата од Македонија, Грција и Тракија е именувана како Румелија.