Правила на Насловување

Начин на насловување на написите според дадениот редослед.

Примери за насловеност
-0200- « 1878_Edson Clark – “The Races of European Turkey”, Pg. 20-22, London
-0225 « 1878_Edson Clark – “The Races of European Turkey”, Pg. 20, London
1878.12.25_Едсон Кларк – ‘Расите од Европска Турција’, стр. 20
1878_Едсон Кларк – ‘Расите од Европска Турција’

По редослед

  • Знак за ера:
    знакот (-) пред датумот значи стара ера; времето е во минус во однос на нулта година.
    за нова ера нема знак;
  • Датум на времето за кое се однесува пишуваното раздвоено со точки:
    година.месец.датум;
  • Знакот на распон:
    знакот (-) помеѓу два датума значи во тој временски распон;
    знакот (-) после датумот значи од тој датум временски наназад;
    знакот (+) после датумот значи од тоа временски нанапред;
  • Знакот («) за раздвојување на датумот на времето на кое се однесува (лева страна од «) со датумот на создавање на изворот (десната страна од «);
  • Целосниот датум се пишува раздвоено со точки по редослед: година.месец.ден;
  • знакот (_) за раздвојување на датумот од авторот;
  • Име на авторот обзнанител на податокот;
  • Знаците ( – ) празно место црта средна празно место, за раздвојување на авторот од делото во кое е објавено;
  • Знакот (“) или („) или (‘) како отворено заградување на делото;
  • Името на делото каде податокот е објавен;
  • Знакот (“) или (“) или (‘) како затворено заградување на делото;
  • Знаците (, ) запирка празно место, за раздвојување од местото на објавување на делото;
  • Знаците (, ) запирка празно место, за раздвојување од страницата на делото;
  • Скратеницата (p на латиница) или (с на кирилица) за страницата на делото;
  • Број на страницата од делото;
  • Знаците (, ) запирка празно место, за раздвојување на повеќе страници од делото или знакот (-) за распон од која до која страница;
  • Име на местото каде делото е објавено.

* Она кое недостасува се изостава (датум, дел од датум, автор, страница, место на објава…)