1892+ « 1951.10.05_Илинденски сведоштва – Јован Јуруковски, с. Тресонче

Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.

„… Јуруковски Јован

Биографија

За општествената работа на Јован Јуруков, родом од с. Тресонче, Галичко, живее во Скопје ул. „536” бр. 7.
Во својата 29-годишна возврат 1901 год. се навоѓав во гр. Сливен како печалбар. Наклонет кон социјалната партија во Сливен, се опознав со гимназиалниот учител Михаило Кантаржиев и други, кој како секретар на партијата ме примија за член. Подбуден за ослободувањето на Македонија и гледајќи до сред македонските среди постои разединување, т.е. врховисти и централисти, со голема желба пристапив во Внатрешната тајна револуциона организација- централисти. Работејки за организацијата во Сливен, се опознав со Петар Васков гимназиалниот учител во Сливенската реална гимназија, родом од Велес; и со Пехо Јахоров; Тие двојца ме препорачае при Гоце Делчев и истиот ме повика во месец мај 1901 год. На позивот ја му се преставив во Софија во хотел „Батенберг”’. Тој детаљно ме распита и најпосле ми рече: „Многу ве препорачува Јахоров и вчера имаф писмо од Васков, тој ме уверува за се да ќа бидеш полезен за нашето Македонско социјалното дело; ние Македонците имаме многу душмани, има да се бориме со сите врагови макар од каде да идат тие. На прво место наши врагови се врховистите, тие слуги верни на цар Фердинанд, и таке ја ќа Ви дадам пуномоќије и ќа пишам на Битолскиот централен комитет каде треба да се јавиш за да Ви се повери една чета со околу 25 луѓе, со која ќа почнете да работите.”
После тој состанок со Гоце Делчев, ја си дојдов дома како реонски раководител во Галички раон, и после десетодневна почивка, отидов во Битола, се сретнав со потребните луѓе, ми дадоја што беше потребно (устав, облигација, квитанција, печат) и му пишаје на војводата Јанаки Јанев да доет при мене; Истиот дојде при мене во с.Тресонче, се посоветувахме и донесовме решение околу организирање на населението во Галички реон.
Прво ги организирахме селата: Тресонче после Гари, Лазарополе, Осој, Росоки, Галичник, Селце и монастир св. Јован Бигорски со Битуша. –
1902 год дојде во нашиот реон Максим Нинев Бошкоски (мој роднина – братучед ) со 9 четници, испратен од врховниот комитет со наредба од генералите: Чончев, Протугеров, Николов и Јанков, да дојде во нашиот реон и ја превземе организацијата за да постави своја врховистичка организација. Ја го повикав при мене и му реков ние имаме организација, те ако сакаш ти да работиш за Македонија треба да влезеш во нашата организација, во противно ќа бидете поништена; утре ќа доет нашата масна чета, ќа ве состава со истата за да се дружите заедно, кое нешто и стана, така да Максим остана како под војвода. Покасно Максим беше испратен во Бугарија да собере дружина и оружје, кое нешто и го сторил, собрал 40 четници добро наоружани, али на патот во масноста викана „Чавките” на 29 мај 1903 год. бидува предаден од шпиони, каде се борел на живот и смрт, и загина заедно со 19 четници, а останалите живи четници беја придружени кон четата на Јанаки Јанев.

Ја продолжив со својата дејност и се готвехме за востанието, за кое ни беше кажано само на реонските раководители дека ќа бидет во оваја 1903 г. а денот покасно ќа ни бидат саобштен, за која цел сите работехме во реонот.
Дојде долго очекуваниот ден, македонскиот Таен револуционен комитет издаде заповед до сите околијски и селски раководители со звонење се објави востанието во Битолски вилает. За таја цел на 19 Јули стар стил, бев повикан во с. Дошугубица, каде се навоѓаше горското началство и централниот комитет. Ја отидов тамо придружен со мојот курир Јован Терзиев Врлески и Јован Ѓиноски од Галичник со 7 четници, се јавивме при началството и видовме на куќата каде се вее развиено знаме со натпис
„Смрт или слобода”. После това Лука Жеров ни рече: ,,Браќа, мие ноќеска во 12 сатот дигаме востание, а Вие во Галичка реон нема да дигате, а ќа не помагате морално и материјално, а кој сака може да остане. Мене како реонски раководител, заедно со Куриерот ми, Жеров ми нареди да се врата назад за да раковода со организацијата, организира комора од 20 коњи за доставка воен материјал и испраќа чети, а селото Тресонче да служит како склониште. Ја ги примив тије директиви и за време На востанието имав организирано една покретна чета за врска со началството во Душугубица, им испратив 12 топа изработани во манастир св. Јован Бигорски и ги упутив четите од Галички реон и това: на Јанаки Јанев, Крсто Алексов, Тале Церча, Пашко од Сушица, Јован Пендор, Јован Трпков Ѓиноски, Павле Кара Асан, и останатите живи четници на Максим Нинев. На сите наведени чети Ја им бев инструктор.

После угушуење на востанието, Ја извесно време останав меѓу населението за продолжуење борбата на тајно реорганизирање и крепење духот и моралот во реонот како илегално, се до избухнуењето на младо турската револуција 1908 г.
Кога излегов на јавност во Федералната македонска Партија под водството на Јане Сандански, кое траеше 6 месеци а после бев приморан пак на илегална работа поради измена од програмата на младотурците се до 1911 г. кога бев принуден да напушта родното место и пребега во Бугарија поради подозренос.

1904 г. на 28 септембар беше при мене во село Тресонче Даме Груев со војводите: Христо Узунов, Арсо од Подвис, Дејан од Охрид и Јанаки Јанев, со истите одржавме конференција за Преорганизирање мојот реон и седае два дена. На 29. IX. ги сместифме во селото Селце, одалечено половин час од Тресонче. Ја се вратив в село со налог од Дамета Груев да испрата по курирот писма кои ми ги даде за Кичево и Дебар. По патот курирот беше фатен од аскер на враќање, му нашле писма за Груев и весници и го спровеле во с. Лазарополе, го распитале тамо каде се наоѓа Груев, под притисок тој рекол да е само во с.Тресонче а во која куќа незнае. Ноќта на 30. септембар 1904 г. го зеле истиот неколку офицери со аскер да ги носи во Тресонче при мене, тој место при мене ги однесол при реонскиот курир кој и тој се викаше Јован Терзиев, после длги истезанија тој пристанал да ги однесе во Селце, само кога се приближиле до селото, Јован со силен глас извикал:
„Бегајте браќа сте предадени”. Кога чуле това аскерот со ножеви очите му ги изболе и го убиле, после кое почнало стражението и успеваат сите да се спасит и се повлечат, това беше околу 2 часот после полноќ.
Горното е во главно укратко искажана дел од мојата работа за македонското дело.

5. X. 1951г. Јован Н. Јуруковски
Скопје …“

 

Извор: Вечер Печат