1892+ « 1952.12.27_Илинденски сведоштва – Катарина Христова Џидрова, Штип

Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.

„… ДО ПРЕЗИДИУМОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА Н.Р. МАКЕДОНИЈА

БИОГРАФИЈА

Од КАТАРИНА ХРИСТОВА ЏИДРОВА, домакина, живее на улица “’Никола Парапунов”’ Бр.8 – Скопје.

Родена сум 1878 година во град Штип. Произлегувам од бедна работничка фамилија, од мајка Тана и татко Костадин – Бојаџиеви. Биле сме многу бедни, но мајка ми од големо желание да учам сум завршила III клас гимназија во град Штип, а IV разред и мала матура завршив во град – Скопје. Како одлична ученичка през школувањето одма после завршувањето на мала матура бивам назначена за учителка во Штипско – Ново Село. През това време, а особено през 1894 година е бил учител и другарот колега Гоце Делчев, Пасков, Гурков, Дупков, колешката Катерина Стојчева и многу други. Сите сме учителствувале заедно. Другарот Гоце ми предаваше француски јазик. Другарот Гоце беше многу револуционерен, така да на нашите учителски совети ни е зборувал за револуционарното движење и за брзото ослободување од Турците. Гоце соработуваше скоро со сите учители и поштени грагани, така на мене ми еднаш даде да научам еден говор, тоа беше во неделен ден кога пушташе црква, после ги собиравме старите во училиштето и им прочетох, а и говорех ”Драги башчи, крајно е време да се ослободиме од Турците, не жалите пари оди они се печалат, купувајте пушки, куршуми и друга муниција да се ослободиме од Турците, да не ги закачуваат више нашите жени и девојчина, да не не вракат и да не се плашиме кога ке одиме на /Лџи/ топлата вода на перење од турските аскери“. Тогај сите одобруваа и сите почнава да викат да се ослободиме од тија мискини, да не ни го животот загорчуват. И така собиравме пушки и друга муниција и е носевме во Ново Село кај Ване Шондев, а од таму мажите преоблечени во женски дрехи и ја и колешката Катерина под палтата со по неколку пушки одевме подбашчи преку Дамјаница во куката на другарот Гоце.
Била сум и во управното тело во град Штип како член, а под председателството на Тодоро Лазаров. Било сум исто во учителскиот револуционерен кружок заедно со колегите Пасков, Ѓурков, Дупков и др. кои после бева затворени и мачени. На овој кружок Гоце ни даваше напредни книги за читање малки брошури и летци кои ги растуравме. Сето ова дружење со другарот Гоце, неговите зборови, читање на револуционерни книги през това време беше од големо значение, како лично за мене, а уште повише за младите генерации кои ги во тој дух како учителка васпитавах.
Како жена активиска активно участие зимах на сите нареждања и директиви од другарот Мите Х. Мишев, претседател во Ново Село. 1903 година собирах од куките и селата разни кошуљи, чорапи и др. за като се готвевме за востанието за да можеме нашите востаници да ги облечеме.

Служех и како врска, така Гоце облечен во турски алишта заедно со мајка ми Тана сме го од нашата кука преведувале преку воденицата за да се состане со другарите. Гоце беше неустрашим. Турците го бараха насекаде да го убијат, беха поставувани специјални стражи, а тој преоблечен като кумурџија, поп, трговец и др. разговора со стражата и го прашат дали са го виделе Гоце, а тој има говорел дека го видел, но сосем на друга страна и така успевал секогаш да им узмакне. Се до 1908 година зимам живо участие во борбата за ослободување и самостојателна Македонија.

На крајот би нагласила дека молбата за добивање на Илинденска пензија е поднесува прилично доцна затова што сум дејствувала за редовна учителска пензија како ехзархијска учителка со 15 години служба, но бех одбиена, затоа што през бив. Југославија не сум по Законот имала работен стаж.
Се надевам дека молбата ке ми биде правилно решена и унапред останувам благодарна.
Скопје, 27.XII.1952 год. …“

Извор: Вечер Печат