1924.05.06_ВМРО, МФО и КОМИНТЕРНА – ‘Мајски Манифест’, Виена

1924.05.06_ВМРО, МФО и Коминтерна - 'Мајски Манифест'

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 косар 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протуѓеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.

Тодор Александров го ставил својот Потпис на „Мајскиот Манифест„. Настојувал да не се брза со објавување на „Мајскиот Манифест“, но не го послушале. Манифестот бил публикуван, во првиот број на весникот “Балканска Федерација“ на 15 златец, 1924 год. Од тогаш е донесена одлука за смртна пресуда на Тодор Александров од страна на бугарските владини кругови! Извршиле силен притисок на Александров и Протуѓеров веднаш да се откажат од Манифестот, а тие јавно го прогласиле за ништовен, како избрзано дело на “егзалтирани комунисти“. Сепак не им било простено особено на Тодор Александров. Веќе бил заведен во црниот список за острел под број „1“. Непосредна наредба за отстранување дал Војводата Алеко Василев Пашата.