1970_Милан Антонов – ‘Спомени’

Сведоштво на внукот на Гоце Делчев: „… Тој бил Македонец, а не Бугарин или Србин! …“

„… Гоце Делчев со сета своја револуционерна дејност и сфаќањата, има извонреден придонес во обликувањето и развојот на македонската национална свест. Не бугарска, не српска, туку словенско-македонска! …“, вели Милан Антонов во своите необјавени Спомени.

Милан Антонов е син на Христина Делчева–Андонова, една од сестрите на Гоце, своите „Спомени“ ги напишал во 1970-те, но никогаш не биле целосно објавени.