1924.09.24_ЦК на МПО, Индијанополис

„… Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров. Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух. Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење. Потомците ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е сам. Светиот блесок на неговиот подвиг ќе го озорува патот на илјадниците следбеници сѐ дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреќна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО. …“

Посочил: Македон