1894_Раселувањето на Македонците

Положбата на нас Македонците во последниов период сè повеќе се влошува… соседните ослободени држави го прибираат македонското население, од кое што половината не се ни враќа на својата земја, а нив ги заменуваат заселници турци и черкези – маџири. Отоманските власти дозволуваат да се разгоруваат разните пропаганди на соседите, дозволуваат разни убиства и грабежи врз христијанското население. Сето тоа јасно ја покажува положбата на нашата ни мила татковина Македонија, а така е и во Одринскиот вилает… Ние мора да преземеме дејства за да го свртиме вниманието на цел Свет, одново да го актуелизираме македонското прашање, патем и прашањето на Одринско. Но, за таа цел нужно е сите Македонци да се обединиме, и здружно да дејствуваме.