1870.11_весник ‘Право’ (писмо со критика кон Кузман Шапкарев)

„…Во Охрид, нему роден град, не знам до која мерка успеал г-дин К. Шапкарев да ги одврати Бугарите од нивните браќа, но потврдено ми кажаа дека таму повеќе бујствувал, и за таа цел за содружник го имал неговиот брат. Првите зборови на омраза кон се’ бугарско биле: „едвам се ослободивме од Грците, сега пак Шопје ли да станеме“!!! Од се’ што кажавме тука се разбира во каква пропаст сака да го втурне нашиот народ споменатиот господин; зашто некои се дрзнаа да велат: „ние сме Македонци, не сме Бугари“…

“Забелешка под писмото од редакцијата на весникот: *) И друг пат сме слушнале од патници за некои од учителите по Македонија и имено за г. Шапкарев,којшто се трудел да ги убеди нашите македонски браќа дека друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик.“