Неколку толкувања за поимот „Бугар“

• 1938_Ст. Чилингиров – ‘Какво е дал Б`лгаринот на другите народи’, Софија •

„… Изразот – бугарска работа, полн со презирност и прекор не слегува од усните на никого од нас уште и ден денес… …што и да се случи, каде и да стане нешто што е лошо, нешто што е незгодно, непримерно, ќе го наречеме – бугарска работа. Ќе го идентификуваме со нас …“

 

• 1970_Бранимир Примов – ‘Бугрите’, с305-306, Софија •

За значењето на поимот Бугар во францускиот и италијанскиот јазик.
„… Тука во помал степен се случува она што се случило многу порано во Франција и Италија, а ги оставило називите „Бугари, Бугри, Буцероне“ и други. Еден од зачуваните зборови е и на пример „Бугер“. Тоа е стар и денеска ретко употребуван збор. Главно значење му е „Селанец, простак, грубијан, човек за презир“ …“

За значењето на поимот Бугар во францускиот и италијанскиот јазик.
„… Поим што се употребува во унгарскиот јазик е „Bigris“ (Бугриш). Главното значење му е „глупак, тапак, големоглав“

 

• 1181 « 1937_Е. Голдман – ‘Ann.inst.Phil.et.Hist.Or.et.Slav.s’, с399 •

Голдман се повикува на новела од 1181 година каде значењето на поимот „Вулгарин“ значи „простак, грубијан (варварин)“. Истото се среќава и кај Д. Ангелов.

 

• 1929_К. Иричек – ‘Историја на Б`лгарите’, с385-386 •

За поимот Бугар вели дека граѓаните за простите, необразовани провинцијалци (селани) секогаш го употребувале зборот „Булгари“ со задолжително додавање „дебелоглавец, недоделкан, пенушка“ и други погрдни зборови.