• 1902 •
• 1899 •

• 1905 •
• • •
Според белешките на Пејо Јаваров Гоце Делчев изјавил: „Ќе го искинеме тоа було, и ќе грејне сонцето на слободата, но НЕ бугарското сонце!“
Бугаристите два пати ја лажираат реченицава. Прв пат оваа мисла на Делчев е објавена 1962 година во антологијата „Пејо Јаворов“ на неговата внука Ганка Најденова – Стоилова. Книгата е издадена во живковистичка Бугарија, кога повторно се фабрикуваат противмакедонски бугаристички лажирања.
Така, тука „изјавата“ гласи: „Ќе го искинеме тоа було (превез), и ќе грејне сонцето на слободата, но НЕ СЕКОЕ сонце!“
Второто лажирањње се случило 2008 г. во историски труд на Милкана Бошнакова. И, некако, цитатот НЕ Е ИСТ… Oваа измена го открива и го докажува првото лажирање.
Како сега Бугарите го лажираат податоков? Ако во реченицата ја нема негацијата „не“, изјавата би била спротивна и прилично про-бугарска. Вториов пат, бугарските лажиранти негацијата „НЕ“ ја запишуваат како предлогот „НА“.
Но, вака реченицата ја губи смислата: „Ќе го искинеме тоа було, и ќе грејне сонцето на слободата, но НА бугарското сонце!“… Во јазична смисла, тука предлогот „на“ е вишок.
• • •
• • •