Никола Вапцаров – ‘Реферат’ (1938)

Во реферат кој ќе го напише по повод основањето на кружокот во 1938 год, Вапцаров ќе истакне:

“ На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени…Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила…Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска), великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот “Слободна и независна Македонија“. Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност…Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…“

Ние сме Македонци. И нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“

Никола Јонков Вапцаров (Реферат, 1938 год.)

 

И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не беше наша,
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!

Никола Јонков Вапцаров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *