1000~ « 1955_Stilpon P. Kyriakides – ‘The northern ethnological boundaries of Hellenism’, p37, Thessaloniki

Грчко толкување за поширокото над еднонационално значење на зборот “Бугари” и за “бугарството” на цар Самоил и неговите поданици.

„… Додека за времето на владеењето на Симеон, Драгувитите, Струмјаните и општо сите Склавинии беа јасно одделени од Бугарите, за време на владеењето на Самоил и после тоа името Склавинии сосема исчезна. Македонските словени се назначени од Византијците со општото име Бугари и земјата освоена од нив од Самоил т.е. западна и северна Македонија од тогаш беше наречена Бугарија. На тој начин самите Грци му го дадоа името Бугарија на сето словено-говорно население и ги крстија Бугарија не само бугарските територии туку и грчките провинции. Ние самите значи им го дадовме на Бугарите правото да претендираат кон области и население со кои немаат ништо заедничко …“

С. Киријакидес – ‘Северните етнолошки граници на Хеленизмот‘, с37, Солун