1757_Писмо од црногорскиот Митрополит Василије Петровиќ до рускиот гроф Шувалов

Владиката Василиј Петровиќ ги набројува Македонците во ист ред со Србите, Бугарите и други балкански народи. Црногорскиот митрополит како „смирен пастир на својата татковина на народот црногорски“ пишува писмо до рускиот гроф Шувалов дека „Албанците, Македонците, Бошњаците, Србите и Бугарите, сметајќи на заштита на Русија, ќе останат во својата вера, а доколку Црна Гора биде уништена и тие ќе ја изгубат надежта и ќе примат муслиманската вера.