1937_Д-р Д. Ј. Поповић – ’О Цинцарима‘, Београд

„… Д-р. Св. Стевановиќ помошник на Министерот за Просвета, во една прилика, кога бил во инспекција на гимназијата во Битола, пред да се појави во гимназијата сакал да дознае дали и како напредува нашата национална идеја. Тоа се обидел на овој начин. Доаѓајќи во гимназијата сретнал некои ученици кои оделе на училиште, па започнал да ги испитува што се по народност. Првиот кого го сретнал го прашал што е, одговорил дека е Македонец. Вториот, третиот, четвртиот исто така. Со испитување кои им се родителите видел дека родителите им се Словени. Петтиот рекол дека е Србин. Кога го прашал што е татко му, одговорил – Цинцар …“

Посочил: Пољакот од Македонија