1480_Мартин Сегон, српски летописец

Српскиот летописец и писател Mapтин Сегон во 1480 г. ги опишува родно-земјописните граници на Македонците во 15 век:

„… Македонците се народ сроден со Србите … (… кои претпочитаат мирен начин на живот, за разлика од Власите планинци – див и борбен народ …) … Рашка (Србија) на југ се протега до тромеѓето меѓу Дарданците, Трибалите и Македонците. Скопје се наоѓа на границата меѓу Дарданија и Македонија, и низ градот тече реката Вардар … Мостот на р. Струма во близина на планината Жеглигово [*1], долината кај с. Конопница и Велбужд (Ќустендил), ги дели Македонците од Трибалите или Бугарите. … Реката Дрим извира од езерото близу Охрид, градот на Македонците, и истата ги дели од дебраните (кои се нарекувани Дарданци). …Планинскиот масив Орбел [*2] ја одвојува Македонија од Епир, Тесалија, Волос, Акарнанија, Етолија, Беотија и Атос, а од другата страна ги дели Македонците и племето Беси од Трибалите, Скордисците и Траките, и завршува кај Егејското Море. … Границата на Епиp е кај пл. Пинд [*3]. … Струма претставува граница меѓу Траките и Македонците. … Грчките населби се наоѓаат во и околу Солунскиот Залив, јужно од Солун – славниот град на Македонците …“