1903_Бугарофилот М. Грашев против ”сепаратистот” К.П. Мисирков

Колебливиот бугарoман Милан Грашев со потекло од Прилеп бил употребен од бугарската шовинистичка политика за како домороден Македонец да ја нападне книгата на Крсте П. Мисирков „За Македонските работи“ пред нејзиното објавување. Критикувајќи го како македонски сепаратист патем и како следбеник на „Лозарите“ – заради македонските национални погледи, спротивни на великобугарските националистички шовинистички интереси. Мисирков кратко потоа, под закани по својот живот, ја напуштил Бугарија.
Милан Грашев се движел во македонските кругови и подоцна имал и удел во промакедонски дејства. Најпосле, сметан како повратник на македонската национална борба и поради една новинарска критика на мафијашкиот начин на работење на Т. Александров и А. Протуѓеров бил убиен по нивна наредба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *